Регион
Опасна дрога се продава како освежувач за воздух, шест деца во Осиек завршија во болница

Поради опасна дрога, шест деца во Осиек завршиле во болница. Станува збор за деца на возраст од 13 до 17 години, кои се хоспитализирани во болницата во Осиек поради пушење на т.н. освежувач на воздух, односно синтетичка улична дрога, со силен и опасен по живот ТХЦ-дериват. Децата коишто завршиле во болница во тешка состојба се од Осиек, Ѓаково, Пожега и Барање. Консумирале т.н освежувач на воздух од кој во 2015 година почина 15-годишно момче од Загреб.
„Децата кои се згрижени кај нас со денови чувствуваат страв дека некој ќе ги нападне, не можат да спијат, слушаат различни гласови, ни велат дека слушаат глас кој им кажува дека некој ќе ги убие, се плашат дека ќе си ја откинат раката…Тоа се страшни ситуации“, вели за „Јутарњи лист“ докторката Катарина Додиг Ќурковиќ.
Дрогата всушност се состои од повеќе треви, како и засилен екстракт од марихуана и се внесува преку цигара. Се продава во лажни пакувања за треви со арома и ги има со различни имиња (Spice, Galaxy, Vertex, Incense, Bunga-Bunga, Zombi, Scooby Snax, Solar Super). На нив пишува дека се „освежувачи за воздух“ или „хербал микс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.