Македонија
Заев: Бошкоски и Шаќири беа на различна страна од нишаните, сега работат за својата Македонија
Љубе Бошкоски и Џезаир Шаќири, познат како командант Хоџа, беа на различна страна на нишаните, а сега работат за својата Република Македонија, рече премиерот Зоран Заев во врска со ангажирањето на овие лица за негови советници за безбедност.
„Видов неколку коментари коишто излегоа веројатно и пиар-службите дадоа таков одговор, Бошковски и Шаќири беа од различна страна на нишаните, сега работат за својата Република Македонија. Ако вака гледаме на работите, сите можеме да бидеме малку порастоварени и да знаеме дека шанса заслужува секој во Македонија. Некој ќе каже, добро, има многу луѓе што чекаат шанса, јас верувам дека секој ќе ја дочека својата шанса. Само при вакви околности луѓето ќе продолжат да бидат мотивирани да останат овде, да работат, да гледаат семејства овде, да чекаат внуци овде, тоа е конечната цел, да направиме пријатно општество во коешто ќе биде вредно да се живее“, рече Заев.
На новинарско прашање дали командант Хоџа би можел да добива и безбедносни информации, Заев одговори негативно.
„Нема, советниците не добиваат сертификати за класифицирани информации или безбедносни информации, секако дека не. Генерално се работи за лице, како што реков, во коешто верувам дека треба да се даде инклузивен момент, да му се даде шанса на секој во оваа наша Македонија. Јас верувам во едно општество за сите. Ова лице има информации, во минатото се покажало дека ја знае состојбата на целиот терен со северната граница на Македонија, со северниот појас на Македонија и јас верувам дека може да помогне“, рече Заев и напомена дека се работи за ангажман од една година.
Тие ангажмани, рече тој, ќе покажат дали некој ќе даде резултати или не. „Секако доколку не даде резултат, јас останувам да дадам помош или што било и на други места да работат“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Вонреден надзор на Гинекологија по смртта на новороденче
Министерството за здравство нареди вонреден надзор по смртта на новороденче на Клиниката за гинекологија и акушерство и изрази сочувство до родителите.
„Со цел утврдување на околностите и расветлување на случајот, министерот Азир Алиу иницираше вонреден инспекциски надзор до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по што ќе следи и стручен надзор. Потенцираме дека Министерството за здравство заедно со инспекторатот ќе постапат професионално, стручно и транспарентно, со цел точно и објективно информирање на јавноста за околностите во овој случај, како и за преземените активности од стручен аспект“, велат од Министерството.
Од таму велат дека во овие тешки моменти за семејството, замолуваат да се почекаат наодите од надзорите и да се добие обдукцискиот наод, кој е единствен и конечен за утврдување на причините за смртен исход, со цел до добивање на конечните резултати да не се создава немир кај семејството и во јавноста.
„Потсетуваме дека Клиниката за гинекологија и акушерство е врвна терциерна установа со воспоставени законски пропишани протоколи за постапување во вакви случаи. Министерството за здравство останува транспарентно и отворено за комуникација, веднаш по добивање на сите наоди јавноста ќе биде навремено информирана“, велат од Министерството.
Ваквото соопштение доаѓа по веста дека на ГАК на 1 октомври починало новороденче.
Македонија
СДСМ: Мицкоски побегна од резолуцијата, дури во Брисел
Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел, обвинија од СДСМ.
„Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ. Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари. Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски. Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи“, велат од опозицијата.
Македонија
Стојаноски: Лагите на СДС се разоткриени, резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја гарантира безбедноста во државата
Во изминатиот период бевме сведоци на тоа како СДС сака да внесе несигурност и вознемиреност во јавноста преку ширење на лажни информации, свесни манипулации и дезинформации, кои беа интензивно и гласно пласирани во јавниот простор, изјави Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС и Венко Филипче, продолжуваат по стапките на нивниот ментор Зоран Заев. Секојдневно, гледаме иста реторика, исти методи и исти манипулативни наративи. Ова СДС не го прави случајно, туку е свесна стратегија, поради тоа што нема што ново да понуди. Ваквата кампања на опозициската СДС, која инаку повеќе се одликува со квантитет директно го нарушува мирот на граѓаните, а е и во спротивност со Кривичниот законик, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, како и со Законот за спречување и заштита од дискриминација“, рече тој.
Токму затоа, додава Стојаноски, преку Резолуцијата поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Собранието, јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики на поранешната влада предводена од Зоран Заев поврзани со кампови за мигранти.
„Јасно ја потврдуваме определбата за принципиелна, одговорна и предвидлива надворешна политика, заснована на заштита на националните интереси и почитување на меѓународното право. Со оваа Резолуција се става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои СДС се обиде да ги наметне во јавниот дискурс, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. За секое следно ширење на паника, лажни вести и манипулација на народот, кривично ќе се одговара“, рече тој.

