Контакт

Култура

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“ во Крушево

Објавено пред

На 11 и 12 мај во Домот на културата во Крушево ќе се одржи филмскиот фестивал за млади „Џифони патува“, како патувачки дел од фестивалот „Џифони Македонија“, во помалите градови од Македонија. Во текот на двата дена младите ученици ќе ги гледаат италијанскиот филм „Девојка во лет“ и холандскиот филм „Малиот ганстер“, ќе дебатираат под водство на актерката Даниела Иваноска, која ќе биде и ментор на актерската работилница. Креативноста ќе ја надградуваат со Роберт Јанкуловски како ментор на работилницата за фотографија и со Моника Мотеска на ликовната работилница.

dobivaj vesti na viber

Преку филмската програма, дебатите и креативните активности тимот на фестивалот „Џифони Македонија“ се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развиваат способностите за дебатирање. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.

Во склоп на филмската програма ќе бидат прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Џифони експириенс“ од Италија и филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, со цел приближување на брендот „Џифони“ кон младите во Крушево. Фестивалската програма „Џифони Македонија патува“ се одржува со финансиска поддршка на Агенцијата за филм на Република Македонија и фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со Општина Крушево и Амбасадата на Италија во Скопје. Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп, а веќе наредната седмица следува „Џифони патува“ во Велес.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Започнаа пробите на претставата „Лов на дива свиња“

Објавено пред

Од

Македонскиот народен театар од Скопје и Градското позориште од Подгорица потпишаа Меморандум за соработка за продлабочување на културната и уметничката размена меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

dobivaj vesti na viber

Претставувани од директорите Никола Кимовски и Сандра Вујовиќ, двете институции ја изразија својата подготвеност за заедничка работа во областа на театарот, културата и уметноста.

Меморандумот предвидува размена на театарски претстави, реализирање заеднички копродукции, спроведување едукативни програми, како и соработка во областа на техничката и логистичката поддршка, маркетингот и промоцијата на заеднички проекти. Целта е воспоставување долгорочна и одржлива соработка, со редовна комуникација и координација при реализацијата на предвидените активности.
Овој документ претставува значаен чекор кон унапредување на регионалната културна поврзаност и зацврстување на меѓународната соработка во уметничката сфера.

„Македонскиот народен театар и натаму продолжува да создава во духот на мојата визија и стратегија – создавање театар отворен за сите, современ театар кој постојано вмрежување, остварува институционални и меѓународни соработки, со цел развој на современиот театар во Македонија и регионот“, изјави директорот Никола Кимовски.

Првата меѓународна соработка започнува со реализацијата на претставата „Лов на дива свиња“, чиј автор е црногорската современа писателка Марија Сарап, а режијата е на македонската режисерка Наташа Поплавска.

Претставата ќе се реализира во копродукција помеѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје.

Во претставата учествува актерска екипа од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова и Мина Јелушиќ Јериниќ од Македонија, како и Ѓорѓе Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора.

Претставата „Лов на дива свиња“ премиерно ќе биде изведена на 19 јули во рамки на фестивалот „Скопско лето“, а премиера во Подгорица, Црна Гора, е планирана за септември.

Претставата е дел од Националната програма за култура за 2025 година и финансиски е поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија и од Градот Подгорица, Црна Гора, како и од компаниите: „Виталиа“ од Скопје, хотелот „Мериот“ и рестораните „Дистрикт“, „Тренд“ и „Шпајз“.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба на пастели од Илија Спасов-Чендо

Објавено пред

На 19 јуни, во 13 часот, во Културно-информативниот центар – Скопје, ќе биде отворена изложбата на слики изработени во техниката пастел од академскиот сликар Илија Спасов Чендо

dobivaj vesti na viber

Илија Спасов – Чендо

Роден е во Неготино. Дипломирал на ФЛУ Скопје. Член е на ДЛУМ. Добитник е на наградата за сликарство „Лазар Личеновски„ 2011. Самостојно изложувал во Скопје, Софија, Битола , Белград, Нови Сад, Дубровник, Кавадарци и Неготино. Учесник е на повеќе групни изложби. На изложбата авторот ќе се претстави со 25 пастели изработени во последните две години.

Изложбата ќе биде отворена до 01.07.2025 година.

Прикажи повеќе...

Култура

Промоција на поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков

Објавено пред

Поетската книга „Собрани остатоци од светот“ на Пепи Стамков во издание на „Фуснота“ ќе биде промовирана денеска во кафе-книжарница „Буква“ со почеток во 19:00 часот.

dobivaj vesti na viber

Промоторка на книгата е проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска, главен уредник е Маја Којчева Величкова, лектура: Елизабета Коневска, дизајнот на корицата изработи Мите Спасовски, а извадоци од романот ќе чита Светла Јакшиќ.

Книгата е објавена со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам – Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во...

Свет5 часа

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп на прес-конференција за време на самитот на Г7 во Канада рече дека Иран сака да...

Македонија7 часа

Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија,...

Економија8 часа

Димитриеска – Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи...

Економија11 часа

Се зголемува цената на бензините и на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Свет11 часа

Иранскиот парламент демантира дека земјата се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Иранскиот парламент денес негира дека разгледува закон за повлекување на Техеран од договорот за неширење нуклеарно оружје (ННП) како форма...

Свет12 часа

Иран се повлекува од договорот за неширење нуклеарно оружје

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеј, денес изјави дека иранскиот парламент подготвува закон за повлекување од договорот...

Македонија14 часа

„За „аудито“ на Филипче од 130.000 евра – повластен третман, за автомобилите на Мирчевски – кривичен прогон“, ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори постапка

„ЈО е селективно во однос на постапките за аудито од 130 000 евра поклон на Венко Филипче од фирмата Зобек...

Македонија14 часа

„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и од Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери...

Македонија14 часа

Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Свет15 часа

Поранешен израелски дипломат: Трамп може да му се јави на Нетанјаху и да му каже – доста е

Алон Пинкас, поранешен израелски дипломат и советник на двајца премиери, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има моќ да го...

Свет15 часа

Клучното прашање е каде Иран скрил 400 килограми збогатен ураниум, вели експерт

По израелските воздушни напади врз иранските нуклеарни постројки, поранешниот заменик-генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Оли Хејнонен,...

Свет15 часа

Аналитичар: Иранските ракети ги пробиваат сите слоеви на израелската воздушна одбрана

Континуираните ирански ракетни напади врз Израел покажуваат дека силите на Техеран можат да се прегрупираат дури и откако Израел уби...

Свет16 часа

Израелскиот министер за одбрана се закани: „Граѓаните на Техеран ќе ја платат цената, и тоа набргу“

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес повторно му се закани на Иран, велејќи дека „народот на Техеран ќе ја...

Свет16 часа

(Фото) Шок и страв во Тел Авив по жестокиот ирански напад

Улиците на Тел Авив утрово беа покриени со урнатини, со сцени на страв, вознемиреност и хаос по најновиот бран ирански...

Свет16 часа

Иранските медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али...

Свет16 часа

Израел: Го нападнавме седиштето на елитната единица на Иранската гарда во Техеран

Израелската војска објави дека нејзините борбени авиони извршиле напад врз седиштето на Кудс силите во Техеран, тврдејќи дека таму се...

Свет17 часа

Иран: Не сакаме да преговараме за прекин на огнот додека сме под израелски напади

Иран им соопшти на посредниците Катар и Оман дека не е отворен за преговори за прекин на огнот додека е...

Свет17 часа

(Видео) Четворица мртви, десетици повредени во ракетните напади врз Израел во текот на ноќта

Четири лица – две жени и двајца мажи – беа убиени во најновите ракетни напади врз централен Израел, потврдија службите...

Свет17 часа

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин да биде посредник во мирот меѓу Иран и Израел

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека Русија нема кредибилитет да посредува во конфликтот меѓу Израел и Иран како што...