Црна хроника
12 сообраќајни несреќи за еден ден во Скопје

Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои седум со телесни повреди и пет со материјална штета.
При сообраќајните незгоди 16 лица се здобиле со лесни телесни повреди. 56 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така исклучени се и 24 возачи бидејќи 11 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување моторно возило, пет биле возачи почетници и осум го управувале возилото под дејство на алкохол. 28 возила се исклучени од сообраќај бидејќи 25 биле нерегистрирани, едно технички неисправно и две со претовар.
Четворица возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минувивање на пешаци, двајца неправилно се престроиле, седум неправилно престигнувале и 12 не користеле заштитен шлем. Во однос на пешаците санкционирани се двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози, додека исто така 69 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.
Црна хроника
Исчезна 13-годишник од Јавна установа за згрижување деца

Денеска во 00.40 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување на деца е пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник А.Х.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.