Свет
Германска дипломатска лекција за новиот амбасадор на САД: „Никогаш не кажувај му на домаќинот што да прави!“
На првиот ден како амбасадор на САД во Германија Ричард Гренел беше обвинет дека ја преминал линијата на дипломатијата и ја навредил земјата домаќин велејќи им на германските бизниси веднаш да си заминат од Иран, пренесува „Раша тудеј“.
Само неколку часа откако тој положи свечена заклетва, а договорот за нуклеарната програма на Иран дојде до точка на пропаѓање, новиот американски амбасадор објави порака на „Твитер“ дека германските компании треба да се повлечат во Иран пред иранската економија да биде погодена од санкции.
„Санкциите на САД ќе бидат насочени кон критичните сектори на иранската економија. Германските компании што работат во Иран треба веднаш да ги прекинат операциите”, напиша Гренел на „Твитер“.
Но, тонот на пораката на Гренел не наиде на добар прием, па некои коментатори на интернет го обвинија дипломатот дека е арогантен и дека му недостига потребна тактичност. Поранешниот германски амбасадор во САД и во Велика Британија, Волфганг Ишингер, го советуваше новоназначениот дипломат да не ѝ издава наредби на земјата домаќин.
„Објаснете ги политиките на Вашата земја и лобирајте во земјата домаќин , но никогаш не ѝ кажувајте на земјата домаќин што да прави ако не сакате да се вовлечете во неволја”, напиша Ишингер на „Твитер“.
Од германската индустриска група БДИ изјавија дека не можат да ја разберат причината зад барањето на Гренел.
„Германската индустрија ја критикува екстратериторијалната примена на санкциите како што ја замислиле САД”, се вели во изјавата на БДИ.
Лидерот на германските социјалдемократи, Андреа Налс, беше меѓу критичарите на Гренел, што укажува дека новиот амбасадор на Трамп треба да научи повеќе за дипломатијата.
„Не е моја работа да ги подучувам луѓето за финесите и за уметноста на дипломатијата, особено неа амбасадорот на САД. Но, изгледа дека нему му е потребно малку подучување “, изјавил Налс за онлајн-изданието на „Цајт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди Куба
Силен земјотрес со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Куба, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот бил во Карипското Море, на длабочина од 15 километри, на околу 82 километра од Гвантанамо и 45 километри од Баракоа.
Според досегашните информации, засега нема пријави за штети или повредени.
Свет
Канцеларијата на Далај Лама: Никогаш не сe сретнале со Џефри Епстин
Од канцеларијата на 14-тиот Далај Лама (Тенцин Ѓацо) денес соопштија дека духовниот водач никогаш не се сретнал со Џефри Епстин. Реакцијата следи откако кинески државни медиуми објавија дека неговото име се појавува во т.н. „Досиеја на Епстин“.
Американското министерство за правда објави милиони документи, а според прегледот на агенцијата АФП, името на Далај Лама се споменува 154 пати, но не постојат никакви докази или спомнување на лична средба со Епштајн.
CGTN, кинески државен медиум, објави дека во е-пошта од 2012 година се споменува присуство на Далај Лама на настан на еден од островите поврзани со Епстин, но од неговиот кабинет остро го демантираат тоа.
„Можеме недвосмислено да потврдиме дека Неговата светост никогаш не го запознал Џефри Епстин и никогаш не овластил никого да комуницира со него во негово име“, се наведува во соопштението.
Инаку, Далај Лама живее во егзил во северна Индија уште од 1959 година кога побегнал од Тибет по насилно задушеното востание од кинеските власти. Има милиони следбеници ширум светот.
Свет
Орбан: Украина е непријател додека бара ЕУ да ни ја укине руската енергија
Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, ја обвини Украина дека ѝ наштетува на неговата земја во Брисел и ја нарече „непријател“
„Украинците мора да престанат постојано да бараат од Брисел да го прекине дотурот на евтина руска енергија за Унгарија“, изјави Орбан на говор во градот Самботел, западно од земјата.
„Сѐ додека Украина го прави тоа, таа е наш непријател“, додаде тој.
Парламентарните избори во Унгарија се закажани за 12 април.

