Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заеви преку државни ресурси го зголемуваат семејното богатство
Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја киднапираа државата и наместо за државниот, работат за личниот и партискиот интерес. Бизнис-моделот на Заеви е преку државни ресурси да се зголемува семејното богатство, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, самиот Зоран Заев призна дека како краен корисник на градежното земјиште што го продал се јавува брат му Вице Заев. „Зоран Заев како градоначалник го продава земјиштето на Сашко Брндевски, бизнис-пајташ на Вице и Трајче Заеви, по цена од 700 000 евра. Брндевски го дели на осум парцели и една од нив продава на брат му на Зоран Заев, Вице. Вице Заев за надомест од една гарсониера го купува градежното земјиште на кое гради зграда од речиси 7 000м2 станбена површина. Сашко Брндевски наместо по пазарна цена, или учество во градба од 25%, како што вообичаено е случај, му го продава земјиштето за кое во процес на продажба на станови може да земе 1 100 000 евра за обична гарсониера.
Ова говори за однапред договорена работа“, соопшти опозициската апртија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, ова е скандалозно и пример како за багатела се прави милионско богатство. „Овој скандал покажува каков е односот на Заев кон државата. Заев на Република Македонија и нејзините ресурси гледа само како на средство за лично богатење. Ова неодговорно однесување мора да запре, државата не е лична сопственост на Заеви. Државата и граѓаните заслужуваат подобро“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСM: ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена
ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата во Македонија со усвојување на предавничка Резолуција во Собранието, велат од СДСМ.
„Ја загрозуваат слободата на говорот и мислењето, сакаат да ја замолчат опозцијата по секоја цена, само да не се зборува за договорот мигранти за пари.
Целта е на опозицијата да ѝ биде забрането да зборува на темата мигранти, под зкана на кривични пријави, кои судовите по итна постапка би ги прифаќале. Затоа и забрзано работат на воспоставување целосна контрола врз судството и обвинителството.
Секој што ја зборува вистината за мигрантите е таргет, да му се заканат со кривична, со затвор, и на тој начин да замолчат каква било дебата за тоа што се случува надвор од очите на јавноста.
Во меѓувреме ќе пласираат лаги и ќе фабрикуваат разни лажни вести, за опозицијата, за новиот тим на СДСМ, се за и сешто“.
Затоа, според оваа партија, во предавничката Резолуција, како што наведуваат, внеле и измислици дека СДСМ подготвувала мигранти, што е целосна лага.
„Кога се носат предавнички резолуции против опозицијата тоа е автократија, вовед во диктатура, режим 2.0.
СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата, заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата.
Ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок и основните слободи за да избегаат од националните предавства.
Ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции. Помош ќе побарме и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа“.
Со сите демократски алатки и механизми кои ни стојат на располагање, додаваат од СДСМ, ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла
Времето денеска, променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.
До понеделник ќе се задржи стабилно и претежно тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд.
Македонија
Без струја делови од скопски Аеродром, Сопиште, и Сарај
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ( Четврок ) без електрична енергија ќе останат:
– од 08:00 – 09:00 часот, корисниците од бул.Јане Сандански бр.70 (Општина Аеродром )
– од 08:45 – 14:00 часот, дел од село Кондово, потрошувачите околу пругата и околу градинката. (општина Сарај)
– од 09:00 – 11:00 часот, корисниците од ул.14 Сопиште (Општина Сопиште )
– од 10:00 – 13:00 часот, корисниците пат за село Долно Лисиче после “Ливрам“ (Општина Аеродром).

