Македонија
Ексминистерот Миле Јанакиески на суд за „Сончев град“

Во новиот кривичен суд почна рочиштето за „Топлик“, предмет на специјалното јавно обвинителство во кој првоосмничен е ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Освен него, се сомничат и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.
Според СЈО, Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составилкомисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.
На минатото рочиште претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, не дозволи да биде изземен судискиот совет кој одлучува во предметот „Топлик“. Ова го побараа адвокатите Еленко Миланов и Сања Алексиќ повикувајќи се на изјавата на обвинителката Катица Јанева дека во прислушуваните телефонски разговори има и такви кои се помеѓу судии.
Освен рочиштето за „Топлик“, во кривичниот суд за денеска се закажани и судења за „Титаник 3“ и за „Транспортер“.
Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, кои според обвинението како членови на Општинската изборна комисија во Чаир уништувале изборен материјал. Во предметот „Транспортер“ првообвинет е поранешниот битолски градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360 000 евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Лажна дојава за бомба ноќеска на скопскиот аеродром

Ноќеска во 02:41 часот, на телефонскиот број за итни случаи 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој требало да полета од „Меѓународниот аеродром Скопје“ кон Турција.
Како што соопшти утрово Министерството за внатрешни работи, се работи за лажна дојавата за бомба на скопскиот аеродром.
-Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна, односно дека нема никаква експлозивна направа, велат од МВР.
По завршувањето на проверките, околу 06:00 часот, аеродромот продолжи со редовно работење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Според прогнозата на УХМР, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди.
-Во недела попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во првите два дена од новата седмица на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Скопје
Без струја утре неколку улици во Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре, без електрична енергија ќе останат:
· од 06.00 до 11.00 часот, корисниците на улица 6 и дел од улица 4 во Сарај. (Општина Сарај )
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од дел од ул. Даме Груев и дел од ул. Свети Кирил и Методиј. (Општина Центар