Регион
Коѕијас: Треба да се најде ново оправдување за постоењето на ЕУ

Потребно да се пронајде нова причина за да се оправда постоењето на Европската Унија, така што ќе ѝ се даде визија и ќе се реформираат нејзините институционални системи, рекол грчкиот министер за надворешни работи на состанокот со колегите од вишеградската група и четири балкански членки на ЕУ во Сунио. Според Коѕијас, целта на ЕУ мора да биде да им служи подобро на своите граѓани и да се зајакне блокот во светот што се менува фокусирајќи се на луѓето и опкружувањето, пренесе грчката агенција АНА.
„Сакаме Европа која е пообединета, подемократска и социјално праведна. ЕУ, која е посилна во светот и се грижи за своите граѓани“, рекол Коѕијас.
Според него, таквата ЕУ би требало да биде заснована на принципот супсидијарност, кој обезбедува демократско учество на државата, регионот, а особено на граѓаните и ги надминува разликите внатре во себе, меѓу Југот и Северот, Западот и Истокот, богатите и сиромашните подрачја.
Зборувајќи за иднината на Европа, Коѕијас се осврнал на кризата и недостатоците на блокот, укажал на потребата за поголема демократија внатре во институциите на ЕУ и на клучни прашања и загрижености во врска со внатрешните функционирања и односите со државите за проширувањето, како и глобалната улога на ЕУ, нејзината меѓународна стратегија и надворешната и одбранбената политика.
Министрите за надворешни работи од вишеградската група и четири балкански членки на ЕУ се состанаа во Сунио, јужно од Атина, во пресрет на самитот во Софија следната недела, каде што разговараа за енергетика, иднината и проширувањето на Европската Унија.
На состанокот учествуваа шефовите на дипломатиите членки на вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија, како и министрите на Грција, Бугарија, Романија и на Хрватска.
На состанокот како набљудувачи беа повикани и министрите за надворешни работи на земјите што чекаат да влезат во ЕУ – Македонија, Србија, Црна Гора и Албанија, како и нивните колеги од Словенија и Кипар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска урива стотина дивоградби покрај брегот

Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот инспекторат на Хрватска, пренесе „Јутарњи“. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона.
Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците и е проценето на околу 720 илјади евра. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во други делови oд Хрватска.
Од 2019 година досега во таа земја се отстранети повеќе од 2300 нелегални градби, спроведени се повеќе од 42 илјади инспекциски надзори, поднесени се 334 кривични пријави, а изречените парични казни достигнуваат 16,5 милиони евра, соопшти Инспекторатот.
Регион
Бугарија може да му дозволи на Путин да прелета над земјата за да се сретне со Трамп во Будимпешта

Авионот што го превезува рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие права за прелет над Бугарија, за да може рускиот лидер да присуствува на состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, според министерот за надворешни работи Георгиев, објави државното радио.
„Доколку има напори за постигнување мир, ако тоа е услов за одржување на состанок, тогаш најлогично е да се овозможи состанок од ваков тип на изводлив начин“, рече Георгиев, според извештајот.
Георгиев зборуваше на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Една можна воздушна рута од Москва до Будимпешта ги опфаќа Црното Море, Бугарија и Србија, но бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони од инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Други рути се протегаат на север, низ Белорусија и Полска или преку Балтичкото Море, Германија и Чешка. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се задолжени за подготовка на самитот Путин-Трамп, разговараа во понеделник, објави руското Министерство за надворешни работи.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница по Путин, а Унгарија е во процес на повлекување од таа меѓународна институција.
Москва го отфрла обвинението на МКС и ја прогласува потерницата по Путин за доказ за непријателството на Западот кон Русија.
Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад, е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува „Нова.рс3.
Жената е затекната само на 50 метри од местото на кое е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
View this post on Instagram
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин