Свет
Американците се соочуваат со нечесност што е поопасна од тероризмот, предупредува Блумберг
Милијардерот и поранешен градоначалник на Њујорк, Мајкл Блумберг предупредил дека Американците се соочени со епидемија на обесчестување од Вашингтон, за која вели дека е поопасна од тероризмот или комунизмот.
Блумбер, кој е основач и сопственик на истоимениот финансиски медиумски сервис, рекол дека непрестајниот бараж лаги и лажни стварности во државната политика создаваат голема закана за американската демократија.
Не издвоил ниту еден политичар по име, иако претседателот Доналд Трамп претходно го нарекуваше измамник и опасен демагог.
„Ова е поголемо од секоја одделна личност. Поголема е од секоја партија“ рекол Блумберг за АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Индија се бори со топлотен бран, температурата надмина 48 степени: најмалку девет лица загинаа
Најмалку девет лица загинаа поради топлотен удар во западната индиска држава Раџастан, јавија денеска локалните медиуми.
Во градот Бармер во Раџастан во четвртокот е забележана рекордна температура за оваа недела од 48,8 степени Целзиусови, пренесува Ројтерс.
Метеоролозите најавуваат дополнителен пораст на температурите, а во главниот град на Индија, Њу Делхи, во сабота, кога се одржуваат парламентарните избори, се очекува температура од околу 45 степени Целзиусови.
Летните температури во Индија често го достигнуваат својот врв во мај, а научниците предвидуваат дека оваа година во таа земја ќе има повеќе денови со екстремно високи температури од вообичаено, наведува британската агенција.
Свет
Се урна зграда во Мајорка: расте бројот на загинати и повредени
Бројот на загинати во уривањето на двокатната зграда на шпанскиот остров Мајорка се искачи на четири, а бројот на повредени на 16, а неколку луѓе се уште се под урнатините, соопштија локалните служби за итни случаи.
Претходно беше соопштено дека загинале најмалку две лица, а најмалку 12 се повредени.
Локалните медиуми објавија дека ресторанот Медуза Бич Клуб се наоѓал во зградата што се урна во четвртокот вечерта во главниот град на Мајорка, Палма.
Се урнал подот од првиот кат од зградата, по што луѓето паднале во подрумот, а повеќето од загинатите и повредените се странци и туристи, изјави за локалните медиуми, шефот на противпожарната служба во Палма, Едер Гарсија.
Портпаролот на локалната полиција им рекол на новинарите дека се истражува причината за падот, пренесува „Ел Паис“.
Шпанскиот премиер Педро Санчез упати сочувство до семејствата на жртвите и посочи дека владата е подготвена да ја испрати сета потребна помош.
Свет
Во напад со нож во Кина најмалку осум загинати
Осум лица загинаа, а едно е повредено во напад со нож во централната кинеска провинција Хубеи, соопштија денеска властите.
Напаѓачот, 53-годишен маж, за кој се вели дека боледува од ментална болест, смртно избодел осум лица и ранил уште едно лице во градот Ксијаоган, објави новинската агенција „Ксинхуа“.
Повредените немаат повреди опасни по живот.
Полицијата го приведе осомничениот, а истрагата е во тек, наведува кинеската агенција.