Црна хроника
Мртво тело извлечено од Охридското Езеро
Мртво тело било извлечено од водите на Охридското Езеро помеѓу селото Подмоље, Охридско, и местото наречено Оровничка Плажа. Телото било пронајдено вчера околу 10 часот, на неколку метри од брегот.
По извршениот увид, полицијата утврдила дека се работи за Б.Ј. (54) од село Куратица, Охридско. По наредба на јавен обвинител, над телото на починатиот ќе биде извршена обдукција за утврдување на причините за смртта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец фатен со марихуана и нож
Вчера во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет
Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(47) од Скопје, удрило во електричен тротинет управуван од Ш.Д.(63) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди
Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(43) од село Трновац, кратовско, удрило во пешак Г.Н.(74) од село Лозаново, кривопаланечко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.