Црна хроника
Наставник му скршил заб на ученик во Желино
Наставник истепал ученик во основно училиште во тетовското село Желино. Според информациите од полицијата, тој го удрил детето од клупата и му скршил еден заб.
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Б. (56) од Желино, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело малтретирање во вршење на службата. Наставникот на 13 март на час во основното училиште во селото удрил еден ученик по задниот дел од главата, при што тој удрил во клупата и му бил скршен заб.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец фатен со марихуана и нож
Вчера во 13.15 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.К.(20) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешко повреден возач на тротинет
Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ во Скопје, „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С.(47) од Скопје, удрило во електричен тротинет управуван од Ш.Д.(63) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Возач со автомобил удри во 74-годишна жена и тешко ја повреди
Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.8“ во населба Илинден, скопско, патничко возило „фиат пунто“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(43) од село Трновац, кратовско, удрило во пешак Г.Н.(74) од село Лозаново, кривопаланечко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Г.Н., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.