Вести
Кери и Ванг разговараа за тензиите во Јужнокинеското Море

Тензиите околу принадлежноста на водите на Јужнокиенското Море беа централната тема на разгвороите во средата меѓу киенскиот министер за надворешни работи Ванг Јиа и американскиот државен секретар Џон Кери, ден откако земјите од југоисточна Азија повикаа на воздржаност во овој клучен поморски пат кој е и стратешка и трговска важна рута по којашто се одвива трговија од милијарди долари, а се стравува дека Пекинг има намера да воспостави контрола над неа.
Американскиот државен секретар Џон Кери пред средбата со кинескиот колега Ванг Јие во малезиската престолнина Куала Лумпур на маргините на состанокот на ASEAN изјави за новинарите дека ќе разговара за повикот на Вашингтон за запирање на активностите кои ги засилуваат тензиите во спорните води од Јужнокиенското Море.
САД инаку ја критикуваат Кина поради изградбата на вештачки гребени и брзото создавање на седум вештачки острвои во архипелгато Спратли во Јужнокинеското Море.
Кери подоцна, на своите колеги од десетчлената Асоцијација на државите од југоисточна Азија (ASEAN) им соопшти дека имал „добар состанок“ со Ванг, иако презентира малку детали од разговорите. „Сакаме да ја осигуриме безбедноста на важните поморски патишта и рибарските области, како и споровите во оваа област да се решаваат мирољубиво и врз основа на меѓународното право“, изјави Кери пред шефовите на дипломатиите од земјите членки на ASEAN.
Ванг од своја страна за медиумите по разговорот со Кери изјави дека Кина ќе води „мирољубиви разговори“ за да го реши спорот околу Јужнокинеското Море.
Разговорите меѓу двајцата дипломати на светски сили доаѓа откако државите на ASEAN во вторникот повикаа на воздржаност во Јужнокинеското Море во рамките на операциите на Пекинг за создавање на вештачките острови и ртови на стратешкиот поморски пат. Неколку членки на ASEAN тврдат дека полагаат право во Јужнокинеското Море, за коишто Кина исто така тврди дека се нејзини територијални води./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.