Македонија
(Видео) Обвинителството се пишмани: Бара пониска казна за Заев

Обвинителката Валентина Бислимовска на завршните зборови за случајот „Поткуп“ рече дека Зоран Заев не примил пари за поткуп. „Во истрагата и од исказот на сведокот Иван Николов, кој беше дециден дека не дал пари, а Зоран Заев не примил подарок, е утврдено дека таквата последица не настапила“, рече обвинителката. Додаде дека обидот за барање подарок не може правно да опстане. Според неа, со делото за кое Обвинителството го товареше Заев не е прибавена значителна имотна корист. Таа рече дека сите дејства што Заев ги презел се законски.
„Неоспорен е фактот дека парите не се примени. Имотната корист не е прибавена“, дополни Бислимовска и додаде дека законот е јасен – кога за кривично дело се бараат пари, не дозволува квалификација во обид.
„Во текот на 2014 година во Општина Струмица, како службено лице градоначалник, обвинетиот З. З. директно од сведокот побарал пари за себе и за друг за изградба на црквата, што би морал да го изврши, да донесе одлуки по поднесените барања за приватизација на градежни земјишта во општина Струмица за 5 катастарски парцели“, рече Бислимовска. Таа побара преквалификација на кривичното дело за Заев. Исто така, обвинителката рече дека сведокот не бил јасен, ги менувал ставовите и дал различни изјави во Јавното обвинителство и во Ссдот.
Со преквалификацијата на делото, всушност, е различна висината на казната затвор. Постојното обвинение предвидуваше најмалку 5 години затвор, а со новото од 1 до најмногу 5 години затвор. Обвинителката побара осудителна пресуда за Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Ќе го прифатиме секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.
Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите.
„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог“, велат од Владата.
Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.