Контакт

Економија

Платите во администрацијата од 18 илјади до 90 илјади денари месечно

Објавено пред

Од 18.174 денари просечна месечна нето-плата кај административните државни службеници во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор до 90.215 денари просечна месечна нето-плата во Регулаторната комисија за домување е движењето на платите во јавната администрација, покажува анализата направена од Фондацијата за демократија на Вестминстер во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“.

dobivaj vesti na viber

Оваа анализа дава приказ на движењето на платите во јавната администрација за период од 2010 до денес, како и просечните месечни бруто и нето-плати за вработен за одделни буџетски корисници и вработените во регулаторните тела. Во Република Македонија од 2014 година вработените во јавната администрација се нарекуваат административни службеници.


Од 2010 година до денес може да се забележи тренд на зголемување на просечната месечна бруто-плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување, и тоа од 36.800 во 2010 на 41.300 на крајот на 2017 (ноември). Ваквиот тренд на зголемување е поголем од зголемувањето на просечната месена бруто-плата, која од 30.225 денари во 2010 година се искачи на 34.079 денари, што значи дека разликата помеѓу просечната месечна бруто-плата во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување и просечната месечна бруто-плата од 6.575 денари во 2010 година се зголеми на 7.215 денари во ноември 2017 година. Сличен тренд бележи и нето-износот, и тој од 24.855 денари во 2010 година се зголеми на 27.805 денари во ноември 2017 година, што во однос на просечната месечна нето-плата е повеќе 4.300 денари во 2010 година, т.е. 4.609 денари во ноември 2017 година. Исто така, значајно е да се напомене дека бројот на вработени во секторот јавна управа и одбрана и задолжително социјално осигурување е во постојан пораст и од 42.474 во 2010 се искачил на 47.364 во 2016, што претставува околу 15 отсто од вкупно вработените во Република Македонија за време на анализираниот период.


Вработените во секторот јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување според податоците од ноември 2017 година имале повисока просечна месечна бруто и нето-плата од повеќето сектори на дејност. Единствено, секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (62.789 бруто/42.204 нето), информации и комуникации (54.716 бруто/36.919 нето), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (54.355 бруто/36.446 нето), рударство и вадење камен (42.912 бруто/28.979 нето) и стручни, научни и технички дејности (41.827 бруто/28.507 нето) имаат повисоки месечни бруто и нето-плати од секторот јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување.

Според податоците во буџетот за 2016 година, просечниот износ за плати и надоместоци (бруто-износ) за вработен кај сите буџетските корисници на централниот буџет изнесува 42.563 денари, што е речиси 10.000 денари поголем износ во однос на просечната бруто-плата во Република Македонија за 2016 година, или просечната месечна нето-плата за вработен кај сите буџетски кориници за 2016 година изнесува 28.700 денари, што е поголема 6.360 денари од просечната месечна нето-плата во Република Македонија.

Анализата покажува дека најголеми средства за бруто и нето-плати за вработен на месечно ниво во 2016 година се издвоени за Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, и тоа по 96.071 денар просечна бруто, осносно 63.854 денари просечна нето-плата за вработен, а најниски месечни расходи за бруто и нето-плати во 2016 година биле реализирани во Секретарјатот за спроведување на Рамковниот договор со најниска месечна бруто-плата од 26.542 денари, или 18.174 денари месечна нето-плата за вработен.

Што се однесува, пак, до платите во регулаторните тела, може да се забележи дека просечните бруто и нето-плати на сите 10 институции се поголеми од просечната бруто и нето-плата во државата. Тие се движат од 58.291 денар месечна бруто, односно 39.033 просечна месечна нето-плата за вработен во Комисијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги до 136.194 денари просечна месечна бруто или 90.215 денари просечна месечна нето-плата за вработен во Регулаторната комисија за домување.

Оваа анализа е првично изработена за потребите на пратениците во Собранието на Република Македонија со цел да им даде дополнителни информации што би ги користеле во рамките на собраниската дебата, како и да им помогне во вршење поквалитетен финансиски надзор врз работата на извршната власт. Анализата е подготвена од Фондацијата за демикратија на Вестминстер во рамките на проектот „Поддршка на македонската парламентарна реформа“, а со финансиска поддршка од британската амбасада во Скопје.

Економија

Македонски производи во износ од 15,5 милиони евра извезени преку мрежата на Лидл во 2025 година

Објавено пред

Извозот на македонски производи во 2025 година преку продажната мрежа на Лидл достигна 15,5 милиони евра, што е јасен показател за извозниот потенцијал на домашните производи и можноста за пласман на европските пазари што ја нуди Лидл. Ова претставува огромен раст, во споредба со 5 милиони евра извоз во 2024 година и 570 илјади евра во 2023 година.

dobivaj vesti na viber

Странските пазари најголем интерес покажаа за трпезното грозје, од кое беа реализирани приходи од 3,3 милиони евра, а имаше најголем пласман во Полска. Одлични резултати имаше и од извозот на јагнешко месо во Бугарија, чија продажба донесе прилив од 2,2 милиони евра.

Дека свежото овошје и зеленчук се еден од домашните извозни адути покажа податокот според кој од вкупниот износ од 15,5 милиони евра, во минатата година беше реализиран извоз од 5 милиони евра. Преку мрежата на Лидл се извезени 15 вида од овие земјоделски култури, од преку десет добавувачи. Петте најизвезувани производи беа грозје, зелка, пиперка, моркови и домати, кои одлично поминаа во Бугарија, Германија, Романија, Полска, Словачка, Србија, Чешка и други земји. Во рамки на редовниот извоз од 7 милиони евра доминираа конзервираните производи, со остварени продажби во странство од 5,8 милиони евра, по што следуваат кондиторските, млечните производи, како и виното и пијалаците.

„Постои голем потенцијал за извоз на македонските производи. За нас во Лидл е успех што можеме да ги поддржиме и да бидеме мост за македонските производи кон европските пазари. Постојано соработуваме со производители од земјава и сме особено горди што на десетици компании можеме да им помогнеме во процесите на сертификација, зголемување и унапредување на капацитетите за производство и да овозможиме извоз на европските пазари“ изјави Стефан Георгиев, комерцијален директор на Лидл Северна Македонија.

Преку иницијативата „Македонска недела“, Лидл во претходните две години организираше 22 промоции во маркетите во Бугарија, Словенија, Србија и Хрватска, со понуда на над 70 македонски производи од 17 добавувачи и над 2.200 палети производи, правејќи ги многу повидливи и препознатливи за странските потрошувачи.

Лидл се позиционира како сериозен и значаен партнер на македонската економија, со мерливи резултати во извозот на домашни производи и конкретна поддршка на домашните компании. Со отворањето на маркети низ целата земја компанијата очекува зајакната соработка со домашните производители, со цел на потрошувачите да им понуди широк спектар на квалитетни производи по пристапни цени.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Економија

Забрзување на енергетската транзиција: Јасен план и координиран пристап – одржан состанок на JETIP Инвестициската платформа

Објавено пред

Денеска се одржа четвртиот координациски состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP – Just Energy Transition Investment Platform), на кој клучните актери разговараа за напредокот во политиките, планирањето и регулаторните реформи што ја поддржуваат праведната енергетска транзиција на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, г-ѓа Сања Божиновска, истакна дека во изминатиот период Министерството е фокусирано на зајакнување на политичките и планските основи неопходни за ефективна имплементација на Инвестициската платформа.

Во таа насока, подготвени се два Годишни планови за развој на енергетскиот сектор за 2025 и 2026 година, усогласени со приоритетите на праведната транзиција, кои обезбедуваат јасна краткорочна рамка за реализација на проектите и подготвеност за инвестиции.

Паралелно, Националниот план за енергија и клима ја заврши фазата на јавни консултации и влезе во завршна фаза на финализација. НЕПК ги обединува целите за декарбонизација, развојот на обновливите извори на енергија и потребите за флексибилност на енергетскиот систем, со посебен фокус на регионите погодени од транзицијата од јаглен. По неговото усвојување, Планот ќе претставува стабилна основа за јавните и приватните инвестициски одлуки.

На регулаторен план, во завршна фаза е и подготовката на Законот за обновливи извори на енергија, со чијштоo усвојување ќе се создадат услови за значително забрзување на инвестициите и исполнување на целите за декарбонизација.

Овие активности не претставуваат изолирани реформи, туку овозможувачки чекори за реализација на проектната рамка на Инвестициската платформа.

Владата уште еднаш ја потврди својата силна посветеност на праведната енергетска транзиција, поддржувајќи ја Инвестициската платформа како клучен механизам за координација, инвестиции и забрзана имплементација на реформите.

Прикажи повеќе...

Економија

НБРМ: Усвоен Кварталниот извештај, макроекономските движења во согласност со очекувањата на Народната банка

Објавено пред

Советот на Народната банка, на седницата одржана на 3 февруари 2026 година, го усвои Кварталниот извештај, во кој се наведува дека макроекономските показатели упатуваат на стабилни остварувања во најважните сегменти на економијата и во најголем дел се во согласност со октомвриските проекции на Народната банка. Домашната инфлација очекувано забави под влијание на забавувањето на базичната инфлација, а домашната економската активност умерено забрза. Банкарскиот сектор и натаму остварува солиден раст на депозитната база и кредитната активност, а девизните резерви се задржуваат на соодветно и сигурно ниво.

dobivaj vesti na viber

Народната банка продолжи со унапредувањето на својот оперативен инструментариум заради поддршка на ефикасното спроведување на монетарната политика. Во последниот квартал од 2025 година, таа изврши приспособување на оперативната монетарна рамка заради подобрување на управувањето со ликвидноста и зајакнување на монетарната трансмисија. Со измените се става посилен акцент на инструментите со пократок рок на достасување и на почестите операции, што овозможува поефикасно пренесување на монетарните сигнали до краткорочните каматни стапки на пазарот на пари, без да се менува поставеноста на монетарната политика.

Во Кварталниот извештај се наведува дека во четвртото тримесечје од 2025 година годишната стапка на инфлација изнесуваше 4,2%, што претставува очекувано забавување. Инфлацијата за целата 2025 година, во просек, изнесува 4,1%, што е близу до октомвриските согледувања. Според октомвриските оцени, за 2026 година и на среден рок се очекува забавување на инфлацијата и постепено враќање кон историскиот просек. Сепак, и понатаму постојат одредени ризици, при што главните извори на неизвесност се поврзани со движењата на цените на примарните производи на светските берзи, геополитичките тензии и процесите на трговска фрагментација, како и со одредени домашни фактори што влијаат врз побарувачката.

Во третиот квартал од 2025 година, реалниот годишен раст на бруто домашниот производ забрза и од 3,5% во претходното тримесечје се искачи на 3,8%, што е малку повеќе од оцената во рамките на октомврискиот циклус проекции. Според основното сценарио од октомври, за целата 2025 година се очекува забрзување на економскиот раст којшто би изнесувал 3,5% (3,0% во 2024 година), а во 2026 година, како и на среден рок дополнително би се засилил и би достигнал 4,0%.

На крајот на 2025 година, нивото на девизните резерви достигна 4.920,5 милиони евра и според сите релевантни показатели, обезбедува соодветна поддршка за одржување на стабилноста на домашната валута.

Податоците од монетарниот сектор укажуваат на натамошна солидна кредитна поддршка за економијата и зајакнување на депозитната база на банките. Во четвртиот квартал од 2025 година, годишниот раст на вкупните кредити изнесуваше 13%, при годишен раст и на депозитите од 10%, што е малку над нивото проектирано за крајот на годината.

На седницата, Советот на Народната банка разгледа и други точки поврзани со тековното работење на Банката.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет49 минути

Поранешен британски министер под истрага поради Епстин, Стармер: Нè излажа повеќе пати

Британскиот премиер Кир Стармер изрази жалење за назначувањето на Питер Манделсон за амбасадор на Велика Британија во Вашингтон, велејќи дека...

Свет56 минути

Гутереш: Истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за глобалната безбедност

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, оцени дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен момент за меѓународниот мир...

Свет1 час

Израел врати 54 тела и 66 кутии со останки во Газа

Министерството за здравство на Газа вчера објави дека 54 палестински тела и 66 кутии со човечки останки се префрлени во...

Свет1 час

Кси го предупреди Трамп да биде внимателен со испораките на оружје за Тајван

Кинескиот претседател Кси Џинпинг го предупреди американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор во среда да биде „претпазлив“ во врска...

Европа1 час

Зеленски: На Путин ќе му требаат 2 години и 800.000 војници за да ја освои источна Украина

Русија ќе мора да жртвува дополнителни 800.000 војници во следните две години ако сака воено да ја освои источна Украина,...

Македонија8 часа

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и околината: епицентарот во Албанија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во...

Македонија14 часа

Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој престојува во работна посета на Вашингтон, САД, денеска се обрати на Форумот за безбедност...

Македонија16 часа

Алиу истражува, но се сомнева дека ќе најде податоци за извозот на мозоци: Истечени се сите рокови за архивирање на документите

Стариот закон ги обврзува институциите да ги чуваат документите за извоз на мозоците како биолошки материјал 15 години, а новиот,...

Македонија17 часа

За да нема операции со врски Алиу воведе нов електронски систем: болниците лани направиле 34.862 операции кои не ги завеле во „Мој термин“

Министерот за здравство Азир Алиу денес промовираше електронски систем за евиденција на операциите во сите јавни здравствени установи во земјава....

Македонија19 часа

По протестите за „Безбеден град“, Мицкоски најави жесток одговор за секој кој го прекршил законот

Премиерот Христијан Мицкоски побарал да биде санкциониран секој што јавно упатувал закани и го загрозувал мирот и безбедноста, по вчерашните...

Македонија20 часа

Мицкоски: Да почекаме истрагата да даде одговор за наводите за транспортирани мозоци

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема јавно да коментира додека не се добијат поконкретни информации во врска со објавите дека...

Македонија21 час

Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови, значајно придонесува и кај други видови рак

По повод Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје потсетуваат дека пушењето претставува...

Македонија21 час

По заканите кон новинарот Видиновски, Обвинителството оформи предмет

Во насока на заложбите за заштита на безбедноста на новинарите и итно постапување за секое загрозување на медиумските слободи, Јавното...

Македонија21 час

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради...

Македонија22 часа

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

Трет ден по ред власта молчи за огромниот картелски скандал со заплената на 5 тони дрога во соседна Србија, која...

Македонија22 часа

Се откри театарот на Трендафилов нарачан од СДС и Левица, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Излезе на површина несериозноста, неодговорноста и поигрувањето на Слободан Трендафилов со чувствата и иднината на работниците, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Откако...

Свет1 ден

Поранешната сопруга на Бил Гејтс: Тоа што е во досиејата на Епстин ме потсетува на болни времиња

Милијардерката и филантроп Мелинда Френч Гејтс изјави дека споменувањето на нејзиниот поранешен сопруг Бил Гејтс во новите документи поврзани со...

Свет1 ден

Преписка помеѓу Епстин и бизнисмен од Емиратите: „Одам да пробам свежа Русинка на јахта“

Нови документи објавени од Министерството за правда на САД открија бизарни и шокантни детали за блиската врска помеѓу Султан Ахмед...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Путин го одржа ветувањето да ги запре нападите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би сакал рускиот претседател Владимир Путин да „ја заврши војната“ во Украина, но исто...

Свет1 ден

(Видео) Зеленски: Чекаме реакција на Америка на новите руски напади

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека Украина чека реакција од САД на ноќните напади на Русија врз градови низ...