Македонија
(Видео) Обвинетиот Фејзи Азири со алиби за масакрот кај Смилковско Езеро

Три часа траеше распитот на четвртообвинетиот во случајот „Монструм“, Фејзи Азири. Тој пред судот негираше дека има врска со убиството на момчињата и рече дека обвинението е монтирано. На прашање на обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека комуницирал со високи функционери на ДУИ, меѓу кои и со Невзат Бејта и Изет Меџити.
Откако излегол од притвор тој рече дека се сретнал и со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, а разговарал и со тогашниот градоначалник на општина Илинден, Жика Стојановски.
На прашањето на обвинителката што разговарал со политичарите и функционери на ДУИ, тој одговори за партиски работи и за субвенции. Четвртообвинетиот во „Монструм“ одговараше на прашањата на обвинителите од СЈО што правел на критичниот ден кога било убиството на момчињата од Смилковци, како и на 26 април, ден за кој е обвинет дека го помогнал бегството на првообвинетите. Тој се сети на сè што правел на денот кога било убиството на момчињата, од наутро до доцна вечерта и пред судот рече дека бил кај познајник кој му должел пари, односно отишол кај него дома и се поздравиле, по што тој му ги дал парите.
На денот за кој е обвинет дека го помогнал бегството на другите обвинети, неговото алиби пред судот е дека заедно со уште едно лице требало да товарат и пренесат трупци за Брест.
Следното рочиште во случајот „Монструм“ е закажано за 23 мај кога ќе продолжи распитот на другите обвинети. Обвинителката Фетаи по денешното рочиште не сакаше да коментира дали ќе има нови обвинети или промени во обвинението. Поради сензитивноста на случајот во судницата, најави нови докази кои ќе треба да го расветлат настанот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд за кратко време (над 15 l/m²) и услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
Времето во наредните денови
До петок ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 10.00 до 14.30 часот, корисниците на улица Нерешка со број 10,12,14 и 16. (Општина Карпош)
Македонија
Наградени ќе бидат полицајците кои вчера ја спасија жената во Вардар

Министерот Панче Тошковски, се сретна со полициските службеници Кристијан Стефановски и Жико Ѓорѓиевски – хероите кои вчера ја спасија жена во водите на реката Вардар.
Министерот на средбата со нив уште еднаш потенцираше дека важноста на полицијата и нејзината вистинска сила и влијание врз животот и благосостојбата на граѓаните се гледа во најтешките човечки моменти.
„Херојските дела како вашето, кога директно се спасува човечки живот е повеќе од службено постапување, тоа е вистинска пожртвуваност и посветеност кон мисијата да се чува безбедноста и сигурноста на секој граѓанин и целото општество.“, потенцираше министерот Тошковски при честитките до двајцата полициски службеници за нивната херојска постапка.
Тој нагласи дека во рамките на законските можности тие ќе бидат наградени за нивната херојска постапка која е инспирација за сите нас унапредувањето на хуманиот аспект на нашите дела и постапки како обични луѓе и професионалци.