Македонија
Мицкоски: Остваривме средби со значајни европски лидери, добивме поддршка за идните планови

По завршување на самитот на Европската народна партија со земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Софија, Бугарија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека на истиот се разговарало за актуелните политички но и економски состојби, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западниот Балкан.
Исто така, Мицковски истакна дека во текот на денешниот ден остварени се повеќе билатерални средби со значајни лидери од Европа, како Себастијан Курц, Доналд Туск, еврокомесарот Јоханес Хан, каде што на истите било дискутирано за моменталната политичка и економска состојба во Република Македонија. На средбите било разговарано и за идните активности коишто ВМРО-ДПМНЕ ќе ги спроведе во наредниот период.
„Ги информирав за протесниот собир којшто ВМРО-ДПМНЕ заедно со Коалицијата планира да го организира на 2 јуни пред владата во знак на разобличување на сите оние погрешни политики, во знак на сите оние неостварени ветувања, сите оние неисполнети очекувања коишто ги креираше Зоран Заев и групата околу него во изминатите година дена. Се надевам дека сите оние граѓани коишто се чувствуваат со неисполнети ветувања, сите оние граѓани коишто се чувствуваат обесправени и излажани, сите оние граѓани коишто се против овие ненародни политики на Зоран Заев и групата политичари околу него, ќе ни се придружат и ќе застанат рамо до рамо со нас и ќе го изразат својот револт на 2 јуни пред портите на владата на Република Македонија“, истакна претседателот Мицкоски.
Претседателот посочи дека од своите соговорници добил поддршка за сите идни чекори на ВМРО-ДПМНЕ. На маргините на самитот на Европската народна партија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари билатерална средба и со Виктор Орбан, претседател на Фидес и премиер на Република Унгарија. На средбата беше констатирана добрата соработка помеѓу политичките партии на ВМРО-ДПМНЕ и Фидес, при што, како што информира Мицкоски, од унгарскиот премиер била афирмирана поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски.
Претседателот Мицкоски ја искористи можноста да му ја честита неодамнешната победа на парламентарните изборите и да му посака успех во работата како премиер на Република Унгарија и продолжување на одличната меѓусебна соработка, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Преку двата повици за општините од Буџетот одвоени 720 милиони денари за 36 спортски објекти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„За спорот да се издигне на едно европско и посакувано ниво и спортистите да бележат високи резултати, првенствено, треба да имаат соодветни, современи и модерни услови за нивниот развој. Спортот не е област каде што резултатите можат да се видат на краток рок, со носење на еднократни ад хок решенија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Спортот е област која бара системски пристап и добро испланирана стратегија за развој, со сериозни вложувања во инфраструктурата за спортистите да имаат соодветни услови каде ќе тренираат и развиваат.
Во ова насока, Владата во соработка со општините, посветено работи за подобрување на спортската инфраструктура.
За таа цел, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од државниот Буџет одвои 720 милиони денари за 36 спортски објекти. Интензивно се работи на завршување на сите проекти коишто во минатото беа отпочнати па заборавени, како што се базените и спортски сали.
Исто така, ќе се интервенира и во сите спортски објекти каде што ќе биде констатирано дека е потребно реконструирање и модернизација на условите.
Преку двата јавни повици што ги објави Министерството за локална самоуправа, одвоени се повеќе од половина милијарда денари за инвестирање во спортска инфраструктура во општините.
Вкупно 36 спортски објекти се опфатени од првиот и вториот повик за општините, каде вкупната инвестициска вредност надминува 720 милиони денари.
Пред три недели во употреба се пушти целосно новиот затворен базен во Кисела Вода во рамките на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, а до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба уште четири вакви базени.
Исто така, пред неколку дена пуштена во употреба беше новата сала во ОУ „Наум Охридски“ во Булачани, а до крајот на година ќе бидат пуштени во употреба уште три целосно нови спортски сали.
Паралелно на изградбата на новата спортска инфраструктура, продолжува реконструирањето на постоечките спортски објекти“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Реконструкцијата на ,,11 Октомври“ е во полн ек, учениците почнуваат со настава во подобри услови

Општина Центар ја реализира реконструкцијата на Основното општинско училиште „11 Октомври“ во населбата Пролет, како дел од континуираните заложби за унапредување на условите во сите училишни објекти на територијата на општината.
Градоначалникот Горан Герасимовски изврши увид на терен и лично се информираше за текот на работите и динамиката на реализација на градежните зафати.
„Летниот период го користиме за подобрување на условите во училиштата во Центар. Оваа недела неуморно се работи на реконструкцијата на ООУ ‘11 Октомври’, со цел учениците да започнат со настава во подобри, поквалитетни услови. Секоја реконструкција е инвестиција во иднината, a здравата, чиста и функционална училишна средина е предуслов за квалитетно образование и личен развој. Нашата цел останува иста, а тоа е сите деца во Центар да учат во модерни и безбедни услови, без исклучок“, изјави Герасимовски.
Во рамки на реконструкцијата се врши целосна замена на подовите во три кабинети и пет училници, додека во дополнителни три училници се изведуваат активности за стругање и лакирање на подовите. Паралелно се спроведуваат гипсарски работи, а предвидено е и молерисување на целиот училишен објект.
Оваа реконструкција претставува продолжение на веќе реализираните инвестиции во ООУ „11 Октомври“. Досега беше темелно обновена училишната трпезарија со површина од 165 квадратни метри, реновирана е фискултурната сала, како и санитарните јазли во објектот, извести Општината.
Македонија
ДУИ: ВРЕДИ вети Европа, донесе „Српски Свет“

„Прво ветија дека веднаш по конституирањето на Собранието, пред формирањето на Владата, ќе бидат усвоени уставните измени за продолжување на европскиот пат. Излажаа! Потоа ветија дека во првите 100 дена на Владата ќе го сменат Уставот. Повторно излажаа!“, велат од ДУИ.
„Подоцна ветија дека во рок од три месеци ќе го исполнат тоа ветување. Пак излажаа!
Тримесечниот рок го продолжија и ветија дека во првото полугодие на Владата ќе го сменат Уставот. Излажаа како и секогаш!
За време на сите овие ветувања повторуваа дека ако не го сменат Уставот, ќе ја напуштат Владата. И тука излажаа!
Наместо Европска Унија, ВРЕДИ донесе „Српски Свет“ заедно со Додик, Вучиќ, Русија и Кина на врвот на државата.
Секојдневни скандали, невидена неспособност, сервилност и вазалство со незамисливи размери, понижување, презир, неуспеси и една голема НУЛА – тоа се карактеристиките на ВРЕДИ. Но ни тоа не е доволно за тие да ја исправат кичмата и да си заминат од срамот што ги зафати.
Потсетуваме за да не се заборави никогаш:
• Ветија 2.500 вработувања, граѓаните завршија со нула.
• Ветија 10.000 евра за секој граѓанин, граѓаните завршија со нула.
• Ветија Академија на албанските науки, го донесоа Додик.
• Ветија албанска банка, ја донесоа српската банка.
• Ветија уставни измени и европска интеграција, донесоа Српски Свет.
• Ветија национални програми, го донесоа српскиот МТЕЛ.
• Охридскиот договор му го предадоа на путинистот Иван Стоилковиќ.
ВРЕДИ е докажан насекаде како голема политичка измама и национален срам што скапо ги чини Албанците: од горд и на врвот на државата – до понижен, презрен и исклучен народ.
Граѓаните го очекуваат октомври! Октомври е народен референдум за достојно, чесно и резултатно претставување – а не за лаги, манипулации, скандали и корупција“, се наведува во соопштението на ДУИ.