Црна хроника
Го уценувал дека ќе објави недолични фотографии од неговите ќерки ако не плати 5.000 евра

Охриѓанец уценувал сограѓанин дека ќе објави недолични фотографии од неговите ќерки ако не му даде 5.000 евра.
МВР соопшти дека вчера С.Д. од Охрид пријавил во полиција кривично дело уцена. Според пријавата, ноќеска на полноќ на С.Д. телефонски му се јавил С.И. и му побарал да му даде 5.000 евра или во спротивно ќе објави недолични работи за неговите ќерки по што пријавителот му исклучил. По половина час, пријавителот добил неколку СМС-пораки со заканувачка содржина и фотографии по што лицето С.И. повторно му се јавил на пријавителот. Од полицијата велат дека за настанот е известен јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработена во основно училиште во Гази Баба истепана од ученик

Вчера во 12.45 часот во СВР Скопје, 45-годишната С.Р. од Скопје, вработена во основно училиште, пријавила дека околу 08.40 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, била физички нападната од ученик.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник од Кочани споделувал експлицитни снимки од малолетничка на интернет: во полиција пријавила нејзината мајка

Вчера во 23 часот во Полициската станица Кочани, 43-годишна жена пријавила дека на 08.05.2025 малолетник од Кочани споделувал на социјална мрежа и други апликации видео записи со експлицитна содржина од нејзината малолетна ќерка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возило излета од регионалниот пат Валандово – Струмица: во несреќата тешко повредена девојка

Вчера во 22.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Валандово- Струмица, на делницата од крстосницата за село Куклиш, струмичко, до крстосницата за село Раборци, струмичко, патничко возило „фолксваген поло“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од 25-годишната В.К. од село Собри, валандовско, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката И.П.(24) од с.Собри, валандовско, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.