Црна хроника
Шест години не оделе на работа, а Општината им исплатила 3 милиони денари за плати

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија затоа што им овозможил на две лица од Скопје, кои повремено оделе на работа, да земаат плата. За шест години им биле исплатени 3.073.859 денари.
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Д. (60) од Демир Капија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Според информациите на МВР, во периодот од 2011 година до септември 2017 година пријавениот, како градоначалник на општина Демир Капија, им овозможил на вработените И.В. (43) и Р.Д. (47), двајцата од Скопје, и покрај тоа што повремено доаѓале на работа, да примаат месечен надоместок. Со ова пријавениот им овозможил да се стекнат со противправна имотна корист од 3.073.859 денари на штета на буџетот на општина Демир Капија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Го удирале со боксови по целото тело и глава: преку психијатриско вештачење ќе се утврди дали тројцата осомничени свесно го извршиле убиството во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Тешка телесна повреда со смртни последици, согласно член 131 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничените, од кои двајца се на возраст од 27 години и еден 35-годишник, на 27 август околу 5 часот наутро, имале вербална расправија со оштетениот во казино во Кавадарци.
Потоа излегле надвор, физички го нападнале и го удирале со боксови и клоци по целото тело и глава. Оштетениот се обидел да влезе во казиното, но изгубил свест. Со ударите му нанеле повеќе тешки телесни повреди од кои починал.
Во текот на истражната постапка ќе бидат обезбедени сите докази и ќе се врши психијатриско вештачење на осомничените, па доколку се утврди дека кај нив постоела свест и намера да го лишат од живот оштетениот, можна е преквалификација на делото во убиство.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци поднесе и предлог за определување мерка притвор за тројцата осомничени, особено имајќи ја предвид опасноста од бегство. На ова укажува и нивното однесување веднаш по настанот, бидејќи тие се оддалечиле од местото и не се пријавиле самите во полиција. Наместо тоа, отишле заедно во стан на едниот од осомничените. Од тие причини јавниот обвинител оцени дека притворот е неопходен за непречено водење на постапката и обезбедување на сите докази.
Црна хроника
Кривична против полицаец од Интервентна поради поткуп

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, во соработка со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против А.Б. на работно место виш полицаец во Единица за интервентна полиција при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „давање поткуп“ по член 358 став 1 од КЗ.
Според документираните сознанија, пријавениот во текот на февруари и март годинава посредувал кај друг полициски службеник вработен на ГП Долно Блаце, односно понудил и дал поткуп со цел полицискиот службеник да не ја изврши својата службена должност, односно да не евидентира влез во државава на македонски државјанин на ГП Долно Блаце, така што од негова страна евидентиран е турски државјанин. Пријавениот е лишен од слобода и задржан во полициска станица, а од страна на Основниот кривичен суд Скопје изречена му е мерка претпазливост и забрана за вршење на дејност. Воедно ОВККИПС против А.Б. ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина.
Црна хроника
25-годишник од Велес со тешки повреди пренесен во болница: управувајќи мопед, паднал на коловозот

Вчера во 22:15 часот во СВР Велес е пријавено дека на улицата „Васил Ѓоргов“ во Велес, 25-годишниот К.П. од Велес управувајќи мопед со скопски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил К.П., констатирани во Општата болница Велес. Извршен бил увид од СВР Велес.