Регион
Ципрас: Со Албанија сè уште сме во воена состојба

Една од централните теми на разговор меѓу премиерите на Албанија и Грција во Софија бил и сè уште важечкиот закон на Грција за воена состојба со Албанија.
Грчкиот премиер Алексис Ципрас на средбата со неговиот албански колега, Еди Рама, во Софија признал дека де факто Албанија и Грција се во воена состојба поради постојниот закон за војна кој е донесен од грчка страна во 1940 година и повторно потврден во 1945 година.
„Ние сме сè уште во војна“, изјавил Ципрас, пренесуваат албанските медиуми.
Двајцата министри нагласиле дека надминувањето на овој проблем, кој сè уште ги бранува односите на Атина и Тирана, ќе биде решен во пакет со другите проблеми за кои веќе се преговара помеѓу двете влади заедно со морската граница.
Тиранскиот весник „Дита“ пишува дека веќе е пред крај договорот на Атина со Тирана овој закон да престане да важи, а како решение е договорено тоа да го стори грчкиот претседател.
Инаку, историјата на законот за војната почнува на 10 ноември 1940 година кога со декрет број 2636 на грчкиот крал е прогласен овој закон за воена состојба на Грција со Албанија и Италија. По окупацијата на Грција од Германија, квислиншката влада во Атина предводена од страна на премиерот Јоргос Золагоклус го симна законот за војна. Но, по завршувањето на Втората светска војна, повоената влада на Грција во 1945 година го стави законот за војна повторно во сила, со што повторно ѝ прогласи војна на Албанија со нов декрет број 13.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин