Македонија
ДОМ на годишно собрание на Европските Зелени во Белгија
Делегација од раководството на ДОМ во состав Лилјана Поповска, Маја Морачанин, Христа Најданов, Ервин Реџепагиќ и Ана Угринска викендов учествува на годишното собрание на Европските Зелени, што се одржува во Антверпен, Белгија.
На тридневната сесија се говори за иднината на Европа, со нагласка на социјално-економските прашања, како и за улогата и подготовките на зелените партии за претстојните избори за Европскиот парламент, закажани за идната пролет.
Се дискутира за трансформација на европските градови во зелени функционални средини, за ефикасно справување со загадувањето со пластичниот отпад, за климатските промени и обновливите извори на енергија, како и за предизвиците на пазарот на трудот и за родовата еднаквост во јавниот живот. Споделени се позитивните пракси на зелени градови како Виена, Утрехт, Антверпен, Гент и други. На ова собрание ќе стане збор и за балканското поврзување на зелените партии во насока на успешно регионално спроведување на зелените политики, каде што ДОМ има активен придонес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Пронајдено лице што вчера се изгубило на Водно
Регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје информира дека на бројот 112, вчера во 15:23 часот била добиена пријава за изгубено лице во Парк – шумата Водно.
Веднаш биле известени надлежните за нивна понатамошна постапка, по што лицето било пронајдено за околу еден час.
– Од полициската станица – Карпош во 16:34 часот во ЦУК, добиена е информација дека лице од Водно е на пат за градот, пишува во денешното соопштение на Центарот за управување со кризи.
Македонија
Почина таткото на Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.
„Светол патот, татко мој“, напиша таа.
Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Неговите родители, по смртта на синот, не се појавуваа во јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ ветува изградба на магистрален гасовод од Свети Николе до Велес
За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, изјави Драган Ковачки, носител на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ.
„Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот“, рече Ковачки.
Повика на излезност на изборите на 8 мај.