Македонија
Беса: Илинденска Македонија е неприфатливо име за Албанците
Движењето Беса е свесно дека треба да има едно брзо решение на спорот за името со Република Грција со што би се отворил патот за членство во Нато Алијаннсата. Ние го повторуваме нашиот ствав дека секое решение кое би било со промена на името на државата не треба да содржи име кое и дава предност на една етничка заедница или пак име кое фаворизира една религија затоа што Република Македонија во својата реалност е едно мултиетничко и мулти-конфесионално општество, се вели во соопштението на партијата.
Поаѓајќи од фактот дека Грција сега потврдува дека на масата за преговори веќе се наоѓа името Република Илинденска Македонија , Движењето Беса го изразува својот став дека оваа име не го преставува мулти—конфесионалниот карактер на нашата држава и секое наметнување на оваа име би носело нови поделби внатре во нашата државата и би отворил нов спор во внатрешно етничките и религиозните односи.
„Свесни сме дека новиот предлог асцоцира на Крушевската Република, што за нас од историска гледна точка не е воопшто спорно, туку употребaта на називот Илинден асоцира на денот кога е прогласена Крушевската Република и денот кога се прославува верскиот празник Св.Илија – кој е верски назив кој ги негира другите верски заедници кои живеат во земјава, освен православната, со што наидуваме на ситуација која е во спротивност со мулти-етничкиот карактер на РМ“, е ставот на Беса.
Тие го потсетуваат премиерот Зоран Заев дека начинот кој го избрал да седне на маса само со македонската опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ, остава впечаток дека при идниот консензус кој би се постигнал сака да ја исклучи албанската опозициија во земјава, која преставува најголемииот дел на албанската заедница во Македонија и секое решение без согласност на поголемиот дел на Албанците би отворило нови проблеми во иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

