Спорт
Зарко на пол-позицијата во Ле Ман, Карчлоу заврши в болница (Видео)
Возачот на Јамаха Тех 3, Жоан Зарко, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Франција, во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот.
На патеката во Ле Ман, пред домашната публика, времето на најбрзиот круг на Зарко беше 1:…

Возачот на Јамаха Тех 3, Жоан Зарко, ќе стартува од пол-позицијата на утрешната трка за Големата награда на Франција, во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот.
На патеката во Ле Ман, пред домашната публика, времето на најбрзиот круг на Зарко беше 1:31.185 минути.
Веднаш до францускиот возач, трката од првиот ред ќе ја запчнат актуелниот светски првак Марк Маркез (Репсол Хонда) и Данило Петручи (Прамак Дукати).
Зад најдобрите тројца се возачот на Сузуки Андреа Јаноне и довецот од Дукати Андреа Довициозо и Хорхе Лоренцо.
Квалификациите за утрешната трка ги обележа паѓањето на Кал Крачлоу. Возачот на ЛЦР Хонда падна во вториот дел од квалификациите.
? Medical Director Info ?@calcrutchlow is being taken to hospital for a check up following this crash at the end of Q2 ➡️ https://t.co/Rv0xxd57Ot
More updates to follow… pic.twitter.com/gxTRycJ0gE
— MotoGP™??? (@MotoGP) May 19, 2018
Британецот поради тешкиот пад веднаш е префрлен в болница.
Трката за Големата награда на Франција, во Ле Ман в недела ќе започне во 14 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Помалиот“ клуб од Париз го елиминира ПСЖ од Купот на Франција
Фудбалерите на Пари Сен Жермен, во 1/16-финалето доживеаја елиминација од Купот на Франција, што, само по себе, претставува вистинска сензација.
„Џелатот“ на европските шампиони и беше градскиот ривал, Париз ФК, чиј стадион е оддалечен само 20 метри од „Паркот на принцовите“.
Интересно е што овие два тима одиграа натпревар од Лига 1 на истото место пред осум дена и тогаш „светците“ победија со 2:1, но сега помалку познатиот тим од „градот на светлината“ беше подобар со минимален резултат – 0:1.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Џонатан Иконе, напаѓач кој беше принуден да влезе во игра во 40-та минута, наместо повредениот Гори.
Во 74-та минута, по додавање од Кебала, Иконе им донесе предност на гостите, на што ПСЖ немаше одговор.
Иако Луис Енрике ги имаше на теренот Хвича Кварацхелија, Бредли Баркола, Гонзало Рамос, Фабијан Руиз, Витиња, Усман Дембеле и Дезире Дуе од 65-та минута, никој не успеа да најде пат до мрежата.
Foto/ EPA
Спорт
Астон Вила извиси, Галагер се сели во Тотенхем
Конор Галагер го напушта Атлетико Мадрид, но кариерата нема да ја продолжи во Астон Вила туку во Тотенхем.
Играчот редот за врска, за чии трансфер пред 18 месеци од Челзи, „јорганџиите“ издвоија 42 милиони евра, не се снајде во системот на Чоло Симеоне.
Атлетико даде дозвола трансферот да биде реализиран.
Инаку, во текот на вчерашниот ден информациите говореа дека Галагер ќе оди кај Унаи Емери во Астон Вила.
Планот се смени во последен момент, бидејќи Тотенхем се јави да го октупи договорот на Галагер, нешто што Вила не сакаше да го направи. Клубот од Бирмингем понуди два милиони евра за позајмица, со право на откуп по завршувањето на сезоната.
Англиските медиуми тврдат дека Галагер во текот на денот ќе пристигне во Лондон, а кога ќе ги заврши лекарските прегледи ќе потпише договор со Тотенхем.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.

