Македонија
(Видео) Нов протест во Кисела Вода: Шилегов и Темелковски да дојдат и да објаснат зошто ни ја затвораат улицата

Жителите на Кисела Вода, кај последната автобуска станица 24, денеска повторно излегоа на протест поради кружниот тек со кој е планирано да се затвори улицата која ги поврзува главната улица Христо Татарчев и булеварот Србија кон Ново Лисиче.
Незадоволството кај овие граѓани повторно се појави утрово откако наидоа на поставени рабници што означува блокирање на улицата, иако градоначалникот Темелковски во предизборната кампања им ветуваше дека кружниот тек ќе биде изграден веднаш по неговото доаѓање на градоначалничката позиција и тоа без блокирање на ниту една улица.
Луѓето кои живеат во овој дел од општината неколкупати излегуваа на протест, но им беше ветено дека нивната улица нема да се блокира. Тие надежта ја видоа во новата локална власт, која ветуваше решавање на овој проблем, но,, по сè изгледа, ветувањата останаа празни и неисполнети, а граѓаните од овој регион искористени за изборни достигнувања.
Жителите ги повикаа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и градоначаникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, да дојдат на лице место и да објаснат зошто покрај сите ветувања улицата повторно им се затвора.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.
Македонија
Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.
Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.
На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.
Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.
Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.