Спорт
Ѓоковиќ испадна од топ 20, Надал повторно е број 1
Новак Ѓоковиќ повеќе не е меѓу најдобрите 20 тенисери во светот, додека Рафа Надал се врати на челната позиција на листата што АТП ја објави во понеделникот.
Ѓоковиќ, изминатата недела, не успеа да ги одбрани поени освоени минатата година, кога играше …

Новак Ѓоковиќ повеќе не е меѓу најдобрите 20 тенисери во светот, додека Рафа Надал се врати на челната позиција на листата што АТП ја објави во понеделникот.
Ѓоковиќ изминатата недела не успеа да ги одбрани поени освоени минатата година, кога играше во финалето на мастерсот во Рим, поради што првпат по 2006 година не се наоѓа меѓу најдобрите 20 во светот.
Србинот мастерсот во Рим го заврши во полуфиналето по поразот во два сета од Рафа Надал.
Шпанецот потоа во финалето успеа да ја освои титулата и да се врати на првото место на АТП-листата.
Надал во финалето го победи бранителот на титулата, Александар Зверев, кој остана на третата позиција на листата, а втор е Роџер Федерер, кој го пропушти овој дел од сезоната.
Зад најдобрите тројца се Марин Чилиќ и Григор Димитров, овие двајца ги заменија позициите, а потоа следуваат Хуан Мартин дел Потро, Кевин Андресон, Доминик Тим, Давид Гофан и Џон Изнер.
АТП, топ 10:
1. (2.) Рафаел Надал (Шпанија) 8.770
2. (1.) Роџер Федерер (Швајцарија) 8.670
3. (3.) Александар Зверев (Германија) 5.615
4. (5.) Марин Чилиќ (Хрватска) 4.950
5. (4.) Григор Димитров (Бугарија) 4.870
6. (6.) Хуан Мартин дел Потро (Аргентина) 4.450
7. (7.) Кевин Андерсон (Јужна Африка) 3.635
8. (8.) Доминик Тим (Австрија) 3.195
9. (10.) Давид Гофан (Белгија) 3.020
10. (9.) Џон изнер (САД) 2.955)
foto: EPA (мастерс Рим 2018)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Павловиќ и Мењан за триумф на Милан над Рома
Фудбалерите на Милан ја победија Рома со 1:0 на „Сан Сиро“ во натпреварот што се одигра во рамките на 10-то коло од Серија А.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Страхиња Павловиќ во 39-та минута од натпреварот.
Павловиќ го почувствува моментот, ja следеше контрата која ја повлече Рафа Леао, а потоа ја заврши акцијата.
Павловиќ со вториот гол сезонава во Серија А ја казни Рома за неискористените шансидо тој момент.
Во финишот од натпреварот, во 82-та минута, Пауло Дибала не реализираше пенал. Мајк Мењан го одбрани неговиот удар.
Со оваа победа, Милан се изедначи на табелата со Рома и Интер. Овие три екипи имаат по 21 бод, еден помалку од лидерот Наполи.
Во следното коло, Милан ќе гостува кај Парма, додека Рома ќе го пречека Удинезе.
Foto/ EPA
Спорт
Гвардиола: Судиите десет години го ограбуваат Манчестер сити
Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, беше многу лут по победата на неговиот тим против Борнмут со 3:1 во Премиер лигата.
Тренерот на „Граѓаните“ ги нападна судиите поради голот на Борнмут, кој според него беше постигнат по прекршок врз голманот Донарума.
„Неверојатно е што претставува гол за судиите. Тука сум десет години и се познаваме многу добро. Многу сум среќен со она што го постигнав досега во Сити“, рече Гвардиола.
Тој не застана тука со критиките кон судијата Ентони Тејлор.
„Му реков да ми објасни дали е прекршок или не. Не се удостои да ми одговори. Сите тука на „Етихад“ се храбри, многу храбри. Знам дека во минатото познати тренери во минатото им се јавувале. Јас не, а ниту тие ќе ме повикаат. Знам точно што можам да очекувам на стадионот“, заклучи Гвардиола.
Спорт
(Видео) Барселона рутински го реши Елче – Јамал го прекина голгетерскиот пост
Фудбалерите на Барселона го победија Елче со 3:1, во натпреварот од 11-то коло на шпанската Ла Лига.
Избраниците на Ханси Флик не си дозволија уште еден неуспех и ја имаа контролата од почетокот на натпреварот.
Со својот прв гол по повеќе од два месеци во првенството, Ламин Џамал и донесе водство на Блауграна во деветтата минута, а само две минути подоцна Феран Торес го дуплираше водството.
Рафа Мир им ја врати надежта на гостите од Елче во 42-та минута, непосредно пред паузата.
Во 61-та минута, Маркус Рашфорд, со удар од гредата, ја врати предноста од два гола на домашниот тим, чија победа не беше доведена во прашање.
Вреди да се спомене, дека Рафа Мир ја погоди стативата десет минути подоцна, но немаше промена на резултатот.
Барса е втора на табелата со 25 бода, пет помалку од лидерот Реал, додека Елче е деветти со 14 бода.
Foto/ EPA

