Контакт

Македонија

Општина Кисела Вода избира најдобар наставник, воспитувач и негувател

Објавено пред

Општина Кисела Вода распиша оглас за доделување награди за најдобрите воспитувачи и негуватели од јавните детски градинки, како и за најдобрите наставници од општинските основни училишта на оваа територија. За оваа награда можат да аплицираат одделенски и предметни наставници кои се вработени во општинските основни училишта од општина Кисела Вода, како и воспитувачи и негуватели, вработени во јавните детски градинки од општина Кисела Вода.

dobivaj vesti na viber

Кандидатите за избор на најдобар воспитувач или негувател треба да исполнат повеќе услови и критериуми во поглед на резултатите од нивната воспитно-згрижувачка работа, активностите за лично и професионално учење и развој, како и примената на стекнатото знање во секојдневната работа со учениците и дечињата, одговорноста кон работата, успехот во соработката и комуникацијата со родителите, вработените и стручниот тим и слично. При изборот во предвид ќе се земат и мислењата од стручниот совет на градинката во која работат и родителите чии деца се директно вклучени во воспитно-образовниот и згрижувачкиот процес.

Кандидатите за најдобар одделенски и предметен наставник треба да имаат остварено одлични резултати во поглед на планирање, реализирање и организирање на наставата, да применуваат иновативни наставни методи, форми и техники, да поттикнуваат повисоки мисловни процеси, критичко мислење, анализа, решавање проблеми кај ученици. Да учествуваат во подобрување на училишната структура, организација на работата и училишната клима, како и да креираат развојни политики во училиштето. При изборот  предвид ќе биде земено и мотивирањето, комуникацијата и оценувањето на постигнувањата на учениците и добиените потврди за менторство во последните 5 години на наградени ученици на општински, регионален, државен и меѓународен натпревар за предмети согласно со наставните планови и програми за воспитно-образовна дејност во основното образование, како и индивидуални награди на општински, регионални, државни и меѓународни натпревари.

Во поглед на критериумите и посебните услови, кандидатите треба да поседуваат сертификати за учество во реализација на проекти и семинари кои се од значење за воспитно-образовниот процес, добиени во последните 5 години од акредитирани установи и институции, да се автори или коавтори на учебници, стручна литература и други написи. За кандидатите мислење за исполнување на општите услови и критериуми наведени во огласот ќе даде наставничкиот совет во училиштето во кое работат.

Наградите се парични. Ќе бидат наградени по еден предметен и одделенски наставник од секое општинско основно училиште, како и по еден негувател и еден воспитувач од сите 12 клонови на двете општински градинки во општина Кисела Вода.

Барањата и изјавите со потребната документација потребно е да се доставуваат по пошта на адреса Општина Кисела Вода ул. „Петар Дeљан” бр.17.

Македонија

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Објавено пред

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

dobivaj vesti na viber

Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.

Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Ѓорче Петров утре без струја

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека утре без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улиците Веле Марков, Ибе Паликуќа, Воин Драшковиќ, Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)

Прикажи повеќе...

Македонија

Меџити прими жители од Страчинце: Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина

Објавено пред

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес ги прими во својот кабинет жителите од селото Страчинце, со кои одржа отворен состанок за одлуката за одбивање на барањето за отворање на каменолом во оваа скопско село.

dobivaj vesti na viber

Министерот Меџити ги информираше жителите за професионалните и институционалните причини што доведоа до оваа одлука. Анализите на експертите јасно покажаа дека отворањето на каменоломот ќе има сериозни последици врз животната средина, ризик од поплави и негативно влијание врз јавното здравје, велат од Министерството.

На состанокот беше истакнато дека приоритет е заштитата на животот и благосостојбата на граѓаните над секој економски интерес.

Меџити истакна дека следниот чекор е конечно поништување на концесијата во Влада, со што ова прашање ќе добие трајно решение.

Жителите на Страчинце се заблагодарија за одлуката и за приемот што го оствари министерот Меџити, нагласувајќи дека овој состанок е пример за владеење со отворен дијалог и чесна соработка со граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа3 часа

(Видео) Трагедија во Турција: туристка почина откако беше удрена од глисер додека пливаше покрај брегот на Кемер

Русинка загина на првиот ден од нејзиниот одмор од соништата во Турција, откако беше удрена од глисер. Линарија Музипова, 42,...

Свет4 часа

(Видео) „Ова е Америка на Трамп“: Агентите на Службата за имиграција уапсија барател на азил, ја фрлија мајката на подот пред децата

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно се...

Свет4 часа

(Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

Маж со оружје беше снимен пред продавница „Волмарт“ во Флорида, еден од првите што ја искористи новата дозвола за носење...

Европа5 часа

Лукашенко: Путин има предлог за прекин на војната, Трамп го поддржува

Белорускиот претседател Александар Лукашенко по денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин изјави дека рускиот лидер ќе објави „многу...

Европа5 часа

(Видео) Германија забележа дронови на границата со Данска: „Истражуваме можна саботажа“

Министерството за внатрешни работи на северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека беспилотни летала биле забележани во текот на ноќта и...

Македонија5 часа

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот...

Свет5 часа

Трамп: Мислам дека можеби имаме договор за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека верува оти е многу блиску до договор за...

Свет5 часа

Зеленски на таен состанок ги побарал од Трамп моќните проектили „Томахавк“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од Доналд Трамп ракети „Томахавк“, на состанок зад затворени врати, објави „Телеграф“. Зеленски му кажал...

Европа7 часа

Орбан: Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини...

Свет7 часа

(Видео) Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН, мавташе со карти, па ги нападна европските земји

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска остро ги осуди западните земји за признавањето на палестинската државност, обвинувајќи ги дека испраќаат порака...

Македонија10 часа

Мицкоски: Не ми паѓа на памет да размислувам за било какви уставни измени, без гаранции

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме...

Македонија11 часа

Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки, ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните...

Македонија12 часа

За 29.539 се зголемил бројот на избирачи што се на привремена работа или престој во странство во споредба со изборите во 2021 година, заклучен Избирачкиот список

Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список за претстојните локални избори. Право на глас имаат вкупно 1.832.415 избирачи. Има 7.551...

Македонија12 часа

По убиството на Росица, дисциплински постапки за 11 полициски службеници; МВР утврдило дека по дел од пријавите на жртвата не било постапено

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални...

Македонија16 часа

Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ...

Македонија16 часа

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Општина Аеродром информира дека до МВР и Основното јавно обвинителство поднела кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, поради,...

Македонија16 часа

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит...

Македонија16 часа

За два дена над 200 прегледани лица во Трубарево, уште 8 упатени на Пулмологија

Министерството за здравство во соработка со Клиниката за пулмологија спроведе дводневен скрининг на жителите на Трубарево, со цел навремено откривање...

Македонија18 часа

Пешаците и возачите на велосипеди и тротинети од денес под нови правила: нема слушалки и телефони

Од денес стапуваат во сила измените и дополнувањата на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност...

Свет19 часа

Трамп: Нема да дозволам Израел да го анектира Западниот Брег

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да дозволи Израел да го анектира Западен Брег, одбивајќи ги барањата на дел...