Економија
Новиот „фолксавген туарег“ – лесно управување кое ги штити луѓето и животните кога се вози во мрак
Новиот „туарег“ ќе биде пуштен на пазарот опремен со голем број иновации дизајнирани да помогнат во минимизирање на опасните ситуации. Новиот „туарег“ е првиот модел на „Фолксваген“ достапен со системот Night Vision. Термичката камера (инфрацрвена камера) интегрирана на предниот дел на возилото го регистрира инфрацрвеното зрачење што доаѓа од живите организми. Ако оваа камера детектира луѓе или животни, асистентот го предупредува возачот. Ова го намалува ризикот од загрозување на пешаците, особено кога станува збор за не толку добро осветлени градски улици.
Деталните карактеристиките на новиот систем вклучуваат: Инфрацрвена камера која може да регистрира објекти било тие да стојат или да се движат како пешаци, велосипедисти и животни во опсег од 10 до 130 метри пред автомобилот. Откако тие ќе влезат во т.н. дефиниран коридор возачот е предупреден преку екранот во дигиталниот кокпит – дигиталната инструмент табла на новиот „туарег“ .

Надвор од ризичниот коридор, минувачите и животните се обележани со жолто во црно-белата сликата создадена од системот за ноќна визија (Night Vision). Ако поминат низ одредени граници по должината на патот, фигурите со жолта боја стануваат црвени. Дури и ако екранот за системот за ноќна визија не е активиран, екранот автоматски се префрлува на овој режим кога ќе се открие опасност и кога брзината е поголема од 50 км / ч, па ги прикажува луѓето и животните во црвена боја.
Благодарение на новите интерактивни „IQ.Light – LED матрични фарови“, коишто се вградени во новиот „туарег“ , луѓето во потенцијалната опасната област накратко се осветлуваат кога се вози со брзина поголема од 60 km / h за тие дојдат уште поизразени кај возачот. Станува збор за еден вид на предупредување без заслепување на засегнатите лица. Оваа функција исклучиво доаѓа во комбинација со системот Night Vision. Со комбинација на Night Vision и IQ.Light-LED-фаровите, опасните ситуации може да се препознаат многу порано и истите тие да бидат безбедно решени.

Иако звучи како обид да се постигне невозможното, но со новиот „туарег“ , „Фолксвеген“ нуди луксузен SUV на пазарот кој е агилен и лесен за ракување како компактен автомобил. Може ли тоа навистина да функционира? Секако дека може благодарение на новиот развиени систем за управување со сите тркала. И предните и задните тркала се ставаат прецизно во функција во согласност со специфичната ситуација во возењето. Ова управување со сите тркала е една од причините зошто овој SUV толку преицизно и лесно ги сече кривините во тесните градски улички и лесно се управува. Новиот систем, исто така, обезбедува дополнителна стабилност на возењето при големи брзини.
Во суштина постојат два вида на сценарио за возење, каде опционалниот систем за управување со сите тркала прави големо влијание: возење со брзина под 37 км / ч и со брзина над 37 км / ч. Маневрирањето со новиот „туарег“ e навистина лесно, па дури и да имаме закачено со себе приколка. Новиот систем за управување со четири тркала ни овозможува лесно маневрирање, а електрично управуваната задна оска се движи во зависност од ситуацијата и со тоа го олеснува возењето и паркирањето.

Новата функција за управување со сите тркала, заедно со воздушната суспензија, се нуди како дел од пакетот кој вклучува автоматска адаптивна суспензија, прилагодување на висината и електронска контрола на амортизацијата. Овој пакет ја носи агилноста на „туарег“ до ниво што беше практично незамисливо во овој сегмент до неодамна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Мицкоски: Покрај новите проекти мораме да враќаме и долгови на претходната Влада, најголем дел од еврообврзницата, околу 700 милиони евра се за тоа
„Покрај тоа што ние градиме вакви објекти, градинки, училишта, сали, автопати, железници, ние ги враќаме и долговите на претходната Влада. Минатата година во јануари месец вративме 500 милиони евра еврообврзница која ја земала претходната Влада, a со дел од овие пари, 700 милиони евра, ќе вратиме друга еврообврзница која претходната влада ја земала пред 4 години“, рече претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за новата еврообврзница во текот на неговата денешна посета на дограденото основно училиште „Блаже Конески“ во Аеродром.
„Ако се работи посветено, чесно, нема идеални услови се разбира, но покрај тоа што треба да се испорачаат проектите и да се изреализираат, треба да се вратат и долговите и на претходната Влада. Јас уште на крајот на минатата година кажав дека ќе биде тешка година, но план имаме и средствата се обезбедени“, дополни премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека врвни светски компании се дел од заемодавателите на оваа еврообврзница кои што никогаш досега не се појавиле на Балканот. Исто така повтори дека најголем дел од таа обврзница, околу 700 милиони евра ќе бидат насочени кон враќање на стари долгови.
Економија
Николоски-Хрицова: Од март нова авиолинија Охрид – Братислава
Воведување на новата авиолинија Охрид-Братислава и подобрување на економските и трговски односи меѓу Македонија и Словачка беа тема на денешната средба помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и амбасадорката на Словачка, Ивета Хрицова.
Линијата Охрид-Братислава која се воспоставува од март оваа година преку авиокомпанијата „Визер“, ќе придонесе за подобра поврзаност меѓу двете земји, а во функција на развој на туризмот и бизнис секторот, потврдија двајцата соговорници.
Николоски истакна дека Владата посветува особено внимание на развој на ависобраќајот, а воспоставување на оваа авиолинија, ќе ги приближи економските врски меѓу двете држави.
На средбата беа потврдени добрите билатерални односи меѓу Македонија и Словачка, се разговараше за зајакнување на трговска соработка, политичките односи и поттикнување на деловната клима.
Николоски потенцира дека државата се наоѓа во силен инвестициски циклус во реализација на капитални проекти кои имаат регионална димензија и даваат огромен придонес во развој на регионалната соработка преку модернизација на транспортната инфраструктура.
Тој упати честитки за избор на амбасадорката, притоа изрази благодарност за досегашната соработка и ја нагласи потребата од интензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.
Економија
Мицкоски: Речиси 225 милиони евра веќе се пренесени преку Развојната банка на домашните компании, а целосна реализација се очекува во првиот квартал годинава
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се искористат преостанатите 250 милиони евра за домашните компании изјави:
„Досега се пренесени, практично преку Развојната банка, некаде околу 225 милиони евра од 250 милиони евра. Тоа е оној кредит кој што Владата, условно кажано, го субвенционира со каматна стапка од 1,95%, до три години грејс-период и до 15 години рок на отплата.“
Премиерот посочи дека целосна реализација на средствата се очекува во првиот квартал годинава.
„Очекувам набргу, во првиот квартал од оваа година, целосно да биде исцрпен. И заедно со средствата кои што банките сопствени ги инвестираат во развојните проекти на компаниите, го поддржуваат стопанството и економијата и на тој начин Македонија на инвестициската мапа е навистина водечка во регионот. Ако се има предвид дека растот во првата половина од 2025 година, па би рекол и целосно во текот на целата 2025 година, е двоцифрен број проценти. Споредно со истиот период во рамките, да речеме, на еврозоната, тоа е 2-2,5%. Така што, јас сум навистина задоволен од начинот на кој што овие средства се искористени“, објасни Мицкоски.

