Македонија
(Видео) Михајлова: Старите кадри во новата власт создаваат сомнежи за просперитет
Експертката за антикорупција и член на ДКСК од 2002 до 2006 година Вања Михајлова на денешната презентација на проектот „Граѓански организации и медиумите против корупцијата“ изјави дека голем број кадри од претходната власт останале на висока функција и во оваа владина гарнитура, што создава сомнежи за намерите на новата Влада за поголема професионалност на државната администрација.
„Кадровската политика на Владата беше и сè уште е предмет на голема критика, посебно на квалитетот на кадрите кои се поставуваат на високи позиции. Многу кадри од претходната власт сè уште се наоѓаат на високо место во државната хиерархија, што создава демотивација и сомнежи за искреноста и намерите на новата Влада дека ќе имаме професионализација на државната администрација“, вели Михајлова.
Исто така, Михајлова истакна дека за подигнатото ниво на критичност кон Владата придонесуваат запрените реформи во правосудството, како и кадрите кои останале во Судскиот совет за кои Михајлова смета дека се кочничари на овие реформи. Иако беа посочени како едни од приоритетите на новата влада, по една година сè уште нема позначајни реформи во овој план.
Покрај другото, Михајлова ја обвинува и опозицијата за слабиот напредок во реформите во правосудството поради несоработката што ја покажаа во Собранието на РМ.
„Во првите 3 месеци имавме и блокада на Собранието бидејќи тие реформи требаше да се донесат со двотретинско мнозинство, опозицијата беше отсутна така што за тој застој придонесува и нивната некохерентност и несоработка“, рече Михајлова.
Виктор Јованов
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Сарај и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците од село Буковиќ, горниот дел (општина Сарај);
во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на улицата Струшка (општина Карпош).
Македонија
Апасиев: Следната недела ќе закажам посебна седница за трагедијата во „Пулс“
„Како претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот во Собранието на РМ, следната недела планирам да ја закажам посебната комисиска седница на која ќе се разгледува добиената Претставка од „Здружението 16 Март“ на родителите од Кочани, на која ќе се расправа за изнесените наводи поврзани страшната трагедија во дискотеката „Пулс“. На седницата официјално ќе бидат поканети и претставници на подносителите“, напиша на социјалните мережи пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев.

За време на саботниот „Марш на ангелите“ во Скопје, семејствата на загинатите во „Пулс“ побараа пратениците да иницираат надзорна расправа и посебна анкетна комисија за целосно и независно испитување на случајот.
Македонија
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд, во делови од котлината повремено пообилни. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до крајот на седмицата следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, локално со услови за невреме со засилен ветер (над 60 km/h) и ретки грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m2). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

