Македонија
Стоилковски: Судот го осуди Поповски без ниту еден доказ
Невини луѓе кои ниту оствариле каква било имотна корист и не предизвикале никаква штета се осудуваат со драконски казни, а Зоран Заев, кого целата јавност го виде како бара поткуп, се ослободува од каква било одговорност. Без ниту еден доказ, без никаква надлежност, судот прифати обвинение покренато од партискиот орган СЈО и судијата Добрила Кацарска денеска изрече осудителна пресуда и казна затвор во времетраење од девет години, реагира ВМРО-ДПМНЕ во врска со пресудата за Ѓоко Поповски, поранешен помошник-министер во МВР.
Вакви процеси, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, какви што води судот под притисок на криминалниот картел на власта се водат само во Северна Кореја, а можеби ни таму.
„Вакви пресуди врз вакви докази не изрекувале ниту црвените кмери во Камбоџа. Правосудството денеска го допре дното. Ниту некој прибавил противправна имотна корист, ниту е направена материјална штета. Набавените возила сè уште се користат во Министерството за внатрешни работи. Постапката за набавка на 300 автомобили е спроведена согласно со закон и потребите на полицијата. Постапката е завршена со јавно отворање на понудите, по што е донесен извештај со предлог за избор за најповолен понудувач. Одлуката за избор ја донела Комисијата за јавни набавки, која е составена од искусни професионалци и специјалисти за јавни набавки, кои ја сугерирале и примениле одредбата од неговата одлука за јавна набавка која се однесува на деливоста на набавката внатре во лотовите. Сведочењата на членовите на комисијата за јавни набавки се во прилог на одбраната“, рече Стоилковски
Според него, СЈО го заснова врз само еден приватен телефонски разговор. „СЈО нема ниту еден издржан аргумент. Пресудата, особено нејзината висина е одраз на политички притисок од страна на картелот на власт. Зоран Заев лично го најави овој прогон и во негова изјава пред неколку дена ги најави првите пресуди“, рече Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На едно семејство со четири члена му биле потребни близу 1.100 евра за да го помине декември
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.
ССМ денеска информираше дека со изнајмен стан од 60 метри квадратни за декември синдикалната минимална кошница изнесува 80 .867 денари.
Според пресметките на ССМ, во декември за храна и пијалаци се потребни 23.640 денари, за Образование 7.159 денари, за Станарина, вода, електрична енергија, и греење 6.130 денари, Облека и обувки 5.875 денари, Транспорт 4.636 денари, Ресторани и хотели 4.131 денар, Комуникации 3.417, Лична хигиена и оддржување на хигиена во домот 2.620 денари.
Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески на 17-ти месецов најави дека од 1 јануари освен што синдикатите ќе ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка и тие како Влада ќе прават пресметка за просечна потрошувачка кошничка, која ќе биде за најмалку четиричлено семејство. На оваа тема ќе се разговара на Економско –социјалниот совет, кој е закажан на 22 декември (понеделнк).
– Ќе бидат земени параметри од најголемите маркети во Македонија, ќе бидат земени параметри од страна на основните прехранбени производи, за се она што е потребно за еден просечен живот, за едно просечно македонско семејство. Исто така ќе бидат земени и од различни региони и најчесто овошјето и зеленчукот ќе биде земен она коешто е карактеристично за периодот, кога се пресметува во текот на годината, изјави Ристески.
Македонија
Боки 13 ја вознемирувал Русковска, таа го пријави во полиција
Поранешната обвинителка Вилма Русковска поднела пријава до полицијата против Бојан Јовановски – Боки 13 за телефонско вознемирување.
Според пријавата, инцидентот се случил вечерта на 18 декември 2025 година, кога Јовановски, додека бил во живо вклучување на „Јутуб“, повеќепати телефонски ја контактирал Русковска, и покрај нејзиното одбивање на повиците.
Од снимката што циркулира на социјалните мрежи може да се види дека разговорот бил проследен со навредливи и вознемирувачки изјави од страна на Јовановски. Русковска во еден момент го предупредила дека доколку продолжи со повиците, ќе го пријави во полиција, по што повиците сепак продолжиле.
Од Министерството за внатрешни работи за медиумите ја потврдија пријавата и информираа дека работат на расчистување на случајот.
Македонија
Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение, свртел на место каде не смеел
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.
Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.
Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.
„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.
Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.
Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.

