Македонија
(Видео) Груевски утринава дојде на „Траекторија“, но не ја слушна пресудата за „Тенк“

Експремиерот Никола Груевски изутринава дојде на судењето за „Траекторија“, но тоа се одложи и тој си замина од судот, не чекајќи да ја слушне пресудата за случајот „Тенк“, со која е осуден на 2 години затвор за набавка на луксузниот владин мерцедес.
Судијката Добрила Кацарска попладнево соопшти дека Груевски е виновен за примање награда за противзаконито влијание. Ѓоко Поповски од МВР доби 6, 5 години затворска казна. Адвокатите на Груевски и Ѓоко Поповски најавија жалби на одлуката на судот.
„Право на обвинетиот Никола Груевски е да не се појави на изрекување пресуда“, рече по изрекување на одлуката за случајот Тенк“, Димитар Дангов, адвокат на поранешниот премиер.
Прашан зошто Груевски не се појави на изрекувањето на првата пресуда против него за постапките на СЈО, Дангов кратко одговори дека неговиот клиент бил утрово во старата зграда на основниот суд Скопје 1 на судењето за случајот „Траекторија“. Но, тој додаде дека не знае зошто неговиот клиент не се појавил на пресудата и дека правото на отсуство му го дозволува законот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почина Панчо Минов, поранешен пратеник и градоначалник на Кавадарци

На 67-годишна возраст денеска почина Панчо Минов, поранешен градоначалник на Кавадарци и поранешен пратеник во Собранието.
Панчо Минов беше дипломиран правник и политичка фигура со повеќедецениско искуство. Тој два пати беше избран за градоначалник на Општина Кавадарци – прво како кандидат на Либералната партија (2000–2005), а потоа како независен кандидат (2005–2009).
Минов имаше и пратеничка кариера, учествувајќи во повеќе состави на Собранието.
Првпат беше избран во првиот повеќепартиски состав (1990–1998), а подоцна повторно стана пратеник преку ГРОМ (2016–2020) и СДСМ (2020–2024).
Македонија
Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност, прашуваат од СДСМ

Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговороност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, велат од СДСМ.
Според нив, последиците од партизацијата на полицијата и претоварењето во партиски сервис на ДПМНЕ скапо ги чини граѓаните.
„До кога мисли Тошковски да се криe зад политички реторики додека улиците стануваат небезбедни за граѓаните?
Не е само последното пукање во Куманово, непрекинатиот раст на вооружените и насилни инциденти во различни градови е сигнал за целосно системско потфрлање на безбедниот апарат, нема ниту превенција ниту соодветна реакција.
За тоа мора да има одговорност“, додаваат од оваа партија.
Македонија
Парични казни за три градинки и едно училиште по спроведени инспекциски контроли во кујните

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава. Спроведени беа 91 контрола во градинки и 23 вонредни надзори во училишта.
За утврдените недоследности, издадени се 9 решенија со наредби за нивно отстранување. Во две градинки, хигиената не била задоволителна во кујните, а една градинка немала спроведено задолжителен здравствен преглед на вработениот персонал во кујните. Парични казни изречени се за 3 градинки, и поради несоодветно чување, уништени се 24 килограми храна.
Од спроведените контроли во училиштата, незадоволителни услови констатирани се само во една училишна кујна. Отстапки во однос на добрата производствена и добра хигиенска пракса утврдени се во две кујни. Поради погрешно декларирање, уништени се 59 килограми храна.
Инспекциските служби на АХВ за утврдените недоследности со контролите во училишните кујни изрекле 1 парична казна и донеле 5 решенија со наредба за нивно отстранување.