Свет
Проектил од руски воени сили го соборил малезискиот авион во 2014
Холандските обвинители кои го истражуваат уривањето на Малезискиот авион во источна Украина во 2014 кажаа дека проектилот со кој е погоден авионот е испален од Руски воен уред.
Авионот на 17 Јули 2014 беше соборен со проектил од Руско потекло при што загинаа 298 луѓе од кои две третини беа од Холандија.
Лидерот на одредот од Холандската национална полиција која што го испитуваше инциденот соопшти дека проектилот припаѓал на Руската 53та Против-Воздушна Бригада.
“Сите возила во конвојот што го испали проектилот беа дел од Руските воени сили.” тој кажа за време на конференцијата.
Русија во 2014та негираше каква и да било инволвираност во инцидентот, но по објавувањето на резултати од истражувњето Москва нема ништо искоментирано.
Обвинителите кажаа дека листата на осомничени од стотици сега е намалена на десетина, додавајќи дека имаат многу докази кои допрва треба да се испитуваат,
Во Септември 2016та година Холандски обвинители објавија дека се идентификувани 100 личности кои би можеле да се одговорни за уривањето, неколку месеци подоцна Австралија и Малезија побараа листата на осомничени да биде објавена јавно.
Осомничените се очекува да бидат судени во отсуство бидејќи Русија го искористи правото на вето за да го блокира интернационалниот трибунал на О.Н. што имаше задача да го надгледува спроведувањето на обвинениа што произлегуваат од истрагата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Политико: Бугарија ја разгледува можноста да бара ослободување од санкциите на САД против „Лукоил“
Бугарија ја истражува можноста да побара ослободување од новите санкции на Соединетите Американски Држави против двете најголеми руски нафтени компании, Роснефт и Лукоил, објави Политико, пренесе бнр.бг.
Рафинеријата за нафта во Бургас, во сопственост на Лукоил, снабдува 80 отсто од горивото во земјата.
Според изданието, бугарската влада испратила барање до Вашингтон со цел да ја разбере можната реакција на американската администрација во случај на барање за ослободување од санкциите откако ќе стапат во сила на 21 ноември. Изданието се повикува на извори кои побарале анонимност.
Бугарските власти се загрижени за опасноста санкциите да доведат до затворање на рафинеријата во Бургас, што пак би можело да предизвика недостиг на гориво и последователни протести во земјата, коментира изданието.
Министерството за енергетика одби да даде коментар за Политико. Претседателската институција, исто така, не одговори.
Свет
Слаб одѕив на светските лидери за климатскиот самит во Бразил, САД без претставник
На климатскиот самит што следната недела ќе се одржи во бразилскиот град Белем, досега учество потврдиле 57 шефови на држави и влади, што е значително помал број во споредба со минатогодишниот COP29 во Азербејџан, на кој присуствуваа 75 лидери, јави Хина.
САД нема да испратат претставници поради повлекувањето од Парискиот договор, додека Кина ќе ја претставува потпретседателот Динг Сјуејсианг. Присуство потврдиле францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот премиер Кир Стармер, како и лидерите на Колумбија и Либерија.
Самитот, кој ќе се одржи на 6 и 7 ноември, е подготвителен настан пред конференцијата COP30 (10–21 ноември). Бразилскиот претседател Лула да Силва инсистираше конференцијата да се одржи во Амазонија, симболично нагласувајќи ја нејзината улога во борбата против климатските промени.
Организаторите наведуваат дека ограничениот хотелски капацитет и високите трошоци во Белем создаваат логистички предизвик за очекуваните 50.000 учесници.
Регион
Грција затвора 204 пошти
Грција затвора 204 филијали на државната пошта ЕЛТА, што претставува околу 45 проценти од вкупната мрежа. Компанијата го оправдува потегот со низок обем на работа и финансиски загуби, додека локалните жители и опозицијата жестоко реагираат.
Пензионерите од руралните средини, кои преку пошта ги примаат пензиите и лековите, предупредуваат дека ќе останат без основни услуги.
Во повеќе градови се одржуваат протести пред поштенските канцеларии, а клиентите ќе бидат пренасочени кон приватни курирски компании.
Поради растечкото незадоволство, во вторник е закажана вонредна седница на парламентот, на иницијатива на опозицијата.

