Спорт
Организаторот ја промовира химната на Светското првенство (Видео)
Три недели останаа до почетокот на Светското првенство во фудбал, а организаторите на еден од најголемите настани во светот на спортот, ја промовираа химната на мундијалот.
Химната е наречена „Live it up“, а изведувачи се Ники Џем, Ера Истефи и холивуд…

Три недели останаа до почетокот на Светското првенство во фудбал, а организаторите на еден од најголемите настани во светот на спортот, ја промовираа химната на мундијалот.
Химната е наречена „Live it up“, а изведувачи се Ники Џем, Ера Истрефи и холивудската ѕвезда Вил Смит. Тие ќе се појават во Москва на 15 јули, кога ќе се одигра финалниот меч.
„Голема чест за мене е што сум меѓу оние што ќе ја пеат химната на Светското првенство. Ова е глобален настан, привлекува луѓе од сите страни на светот. Соработката со Ники и Ера, претставува хармонија и збир на различни жанрови. На крајот на денот, само сакаме да го видиме светот како танцува“, рекол актерот и пејач, Вил Смит.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Гибс-Вајт го извиси Тотенхем, потпиша нов договор со „шумарите“

Еден од најдобрите играчи на Нотингем Форест минатата сезона, Морган Гибс-Вајт, нема да оди во Тотенхем, откако реши да го продолжи договорот со „шумарите“.
Тотенхем ја активираше клаузулата, практично се договори за сè со играчот. Дури беа закажани и лекарски прегледи, но… Гибс-Вајт не се појави таму, туку реши да го продолжи договорот со Форестерс до 2028 година.
Нотингем се пожали дека Спарс му пристапиле на играчот на нелегален начин и гласно протестираа против овој трансфер. Но, малкумина очекуваа таков исход.
На крајот, Нотингем не загуби уште еден важен играч, бидејќи Ентони Еланга замина во Њукасл.
Спорт
Баерн за Дијаз подготви 85 милиони евра

Баерн не се откажува од трансферот на Луис Дијаз од Ливерпул.
Германскиот шампион испрати понуда од 65 милиони евра пред неколку дена, но челниците на клубот од „Енфилд“ ја отфрлија без размислување.
„Билд“ тврди дека челниците на Баерн доцна синоќа испратиле понуда од 85 милиони евра, плус пет милиони евра бонуси, за колумбискиот репрезентативец, кој пред две недели донесе одлука да го напушти Ливерпул.
Многумина веруваат дека оваа понуда ќе биде прифатена и дека Дијаз ќе биде нов член на Баерн од понеделник.
Foto/ EPA
Спорт
Ѓокереш официјално е играч на Арсенал

Виктор Ѓокереш е новиот играч на Арсенал, 27-годишниот напаѓач денес ги помина медицинските тестови во Лондон и потпиша договор со гигантот од „Емирати“.
Најголемото воодушевување беше забележано кај Микел Артета, кој верува дека конечно доби напаѓач кој може да постигне најмалку 20 голови во една сезона.
„Воодушевени сме што го пречекуваме во клубот. Неговите голови зборуваат за него. Има толку многу квалитет, брз е, силен, со неверојатни бројки. Возбудени сме од она што може да ни го донесе. Нему и на неговото семејство му посакуваме добредојде во Арсенал“, рече Артета.
Патем, Џокерес го зеде бројот 14 во Арсенал.
Извонредниот Швеѓанец минатата сезона за Спортинг постигна 54 голови на 52 натпревари.
Арсенал за трансферот издвои 63,5 милиони евра, а дополнителни 10 милиони Спортинг може да заработи преку дополнителните бонуси.
Foto/ arsenal.com