Македонија
Адеми: Дијаспората игра важна улога во дипломатијата
Министерот во Владата задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми денеска учествуваше на панел дискусија во рамки на Меѓународната конференција „Дијаспора, дипломатија и развој“ организирана од страна на Универзитетскиот колеџ Даблин, Институтот Клинтон.
Адеми во своето обраќање пред присутните ја истакна важноста на улогата на дијаспората во дипломатијата, и дека и двете денес, во време на глобални движења и динамични меѓународни односи, се предодредени да работат заедно во промоција на интересите на Македонија и нејзино позначајно позициоирање во меѓународните односи, преку активна јавна дипломатија.
Адеми испрати порака дека иднината на соработката меѓу државите во различни области од заеднички интерес, особено во областа на дијаспората, покажува сериозност на нашите држави и дека кога има визија и добра волја сите активности даваат резултати во полза на нашите граѓани и дијаспората насекаде, каде и да се.
На Конференцијата разговараа како мобилноста и поврзувањето на дијаспората може да биде динамичен извор на иновации и креативност во многу области, обезбедувајќи свежо знаење и креативно водство кое може да обезбеди решенија за предизвиците на глобализацијата.
Воедно се истакна дека има постојан пораст на владини канцеларии и агенции кои ја ангажираат дијаспората на нивната нација, често како агенти за развој, коишто генерираат специфични политики и стратегии за ангажирање, и дека оваа активност ги проширува дипломатските капацитети и одговорности на националните држави во однос на нивните иселеници и нивните потомци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

