Спорт
Монпелје по 15 години се врати на европскиот ракометен трон
Монпелје го наследи Вардар на европскиот ракометен трон. Во финалето на завршниот турнир, во Келн, во француското финале, Монпелје го победи Нант со 32:27. Монпелје по 15 години повторно стана европски шампион. Од таа 2003 година во тимот се уште се тр…


Монпелје го наследи Вардар на европскиот ракометен трон. Во финалето на завршниот турнир, во Келн, во француското финале, Монпелје го победи Нант со 32:27. Монпелје по 15 години повторно стана европски шампион. Од таа 2003 година во тимот се уште се тренерот Патрис Канаје и левото крило Мишел Гигу. Кирил Лазаров, не успеа со Нант, да стигне до својата втора титула во Лигата на шампионите. Лазров со шест гола беше најефикасен во својот тим.
Монпелје на патот до титулата ги елиминира Барселона, Фленсбург и Вардар. Во финалето блескаше голманот Жерар, кој само во првото полувреме имаше десет интервенции.
Токму Жерар, му овозможи на својот тим, во првото полувреме да стекне сигурност и со леснотија да ја одржува предноста од две или три гола. Сличен тек имаше и вториот дел, иако Нант преку Лие Хансен успеа да израмни во 35.минута.

Монпелје повторно ја врати предноста од три гола, која ја одржуваше до 53.минута. Нант израмни на 24:24, но Лазаров и тмот, немаа сили да му го зададат завршниот удар на својот противник.
Одговорот на Монпелје беше бритален, за само две минути ги казнни сите технички грешки на противникот и со серија 5:0 го решија прашањето околу конечниот победник.
Монпелје до титулата покрај голманот Жерар го предводеа Фабрегас со шест, односно Ричардсон, Кавтичник и Симоне со по четири гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ се мачеше но успеа да го победи Ханфман во Шангај

Новак Ѓоковиќ вложи многу труд и на крајот успеа да се пласира во четвртото коло на Мастерсот во Шангај. Србинот, во третата рунда го победи Јаник Ханфман со 4:6, 7:5, 6:3.
Новак Ѓоковиќ десет гема се мачеше во сервис гемовите на Јаник Ханфман, 150-от тенисер во светот. Германецот не му дозволи на Ѓоковиќ ниту една брејк топка.
Кога Новак ја создаде првата, во 12-от гем во втроиот сет, тој ја презеде контролата врз мечот и се пласираше во осминафиналето на Мастерс турнирот во Шангај.
Германецот во првиот сет искористи брејк топка во петтиот гем, што му беше доволно да го освои сетот. Откако Ѓоковиќ успеа да изедначи, во решаваќкиот сет клучен беше брејкот во четвртиот гем.
Ѓоковиќ во следната рунда за противник го има Хауме Мунар, кој беше подобар од Јошихито Нишиока. Доколку Новак слави, во четвртфиналето го чека подобриот од дуелот Дијало-Бергс.
Foto/ EPA
Спорт
Дарио Ивановски победи на 21-то издание на Скопскиот маратон

Македонскиот репрезентативец, Дарио Ивановски е победник на 21-то издание на Скопскиот атлетски маратон. Мараонската трка се одржа во неделата во Скопје со рекорден број на учесници, 14.000 од 58 земји.
Дарио Ивановски во драматичен финиш, успеа да го мине фаворизираниот Кениец, Џулиус Кипкоеч. Лидерската позиција Ивановски ја презеде на два километри пред целта, на крајот победи со резултат од 2 часа 14 минути и 50 секунди. Кениецот мораше да се задоволи со втората позиција со резултат од 02:15:20 часа, а третото место му припадна на Грузиецот Давити Каразишвили (02:24:48 часа).
Ова е втора победа за Ивановски на Скопскиот маратон, претходно триумфираше во 2021 година. Со оваа победа најдобриот македонски маратонец стана и балкански и национален шампион.
Во женска конкуренција втора година по ред победи Ирине Черуто. Атлетичарлата од Кенија патеката ја мина со време од 2 часа, 38 минути и 31 секунда. Втора на целта пристигна Бугарката Маринела Нинева (2.45.36 часа), со што стана и балаканска шампионка. Третата позиција и припадна на атлетичарката од Азербејџан Ана Јусупова (2:36:13 часа).
Албон Имери од Косово, победи на полумаратонската трка. Делницата од 21 километар ја мина за со време од 1:07.57 часа. Имери победи пред македонските атлетичари Иван Пешовски (1:11.30 часа) и Александар Арсов (1:12:52).
И во женска конкуренција, во полумаратонот победи, редоследот беше ист како и кај мажите.
Победи Греша Бакрачи од Косово(1:20.50), пред македонските натпреварувачки Теа Божиновска (1:21.10) и Миљана Ристиќ Стојческа ( 1:22.13 часа).
Foto/ Instagram
Спорт
(Видео) 80 секунди му беа потребни на Переира повторно да стане шампион

Големиот настан на УФЦ 320 се одржа „Т-Мобиле Арената“ во Лас Вегас. Во главната борба на вечерта, Бразилецот Алекс Поатан Переира го врати шампионскиот појас во полутешка категорија на спектакуларен начин.
На Переира му беа потребни само 80 секунди за да го реши мечот со Магомед Анкалаев, човекот кој му го одзеде појасот во март.
По малку повеќе од една минута од борбата, Переира фрли десен „оверхенд“, кој го погоди дагестанскиот борец веднаш над увото и најави што ќе се случи понатаму.
Анкалаев падна на подот, а Переира го принуди судијата да го прогласи крајот на борбата со серија брутални удари и лакти.
Во моментот кога судијата Херб Дин го прекина натпреварот, Поатан Переира стана и весело покажа кон рускиот борец кој лежеше на подот.
Анкалаев, како и луѓето од неговиот агол, го разбраа овој гест како израз на непочитување.
Рускиот борец стана и се упати кон Переира, но обезбедувањето брзо спречи можна ескалација на конфликтот.
Переира малку подоцна стигна до Анкалаев и се чини дека тој му се извини.
IT'S REVENGE FOR POATAN 🗿 🏆 #UFC320 @AlexPereiraUFC WITH THE RD 1 KNOCKOUT! pic.twitter.com/RIK4zxVNVV
— UFC Europe (@UFCEurope) October 5, 2025