Македонија
Почнува новиот повик за субвенционирање велосипеди за карпошани

Од денеска, 28 мај, е отворен вториот повик на Општина Карпош за аплицирање за субвенции за купување нови велосипеди за карпошани.
По првичниот јавен повик, во кој граѓаните на Карпош покажаа голема заинтересираност за акцијата, согласно со одлуката на Советот на локалната самоуправа, беа одобрени дополнителни 360 000 денари од буџетот на Општината кои ќе бидат на располагање за оваа намена. И овој пат важи истиот принцип на „прв дојден, прв услужен“, сè до целосно исцрпување на предвидените средства.
Сите заинтересирани можат да поднесат документи кај координаторот на проектот, Марко Петрушевски, во Секторот за екологија и енергетска ефикасност, кој се наоѓа на вториот кат во ОУ „ Лазо Трповски“. Апликантите треба да понесат со себе оригинал фискална сметка со сметкопотврда од велосипедот купен од денешниот датум натаму, заклучно со денот до кога акцијата ќе трае, како и копија од лична карта и копија од трансакциска сметка.
Општина Карпош ќе субвенционира 20 отсто од вкупниот износ на новиот купен велосипед, или максимум 3 000 денари од цената на купениот велосипед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.