Македонија
Доделени стипендии на млади балетски уметници за танцов натпревар во Италија

Од 18 до 20 мај, во Bullfrogs Ballet School во Скопје се одржа три-дневна работилница за современ танц за деца и млади со италијанската кореографка Симона де Тулио од танцовата компанија Breathing Art од Бари. Тридневната работилница насловена како „Be Italian” беше дел од проектот за културна размена спроведен во партнерство помеѓу Bullfrogs Ballet Production и танцовата компанија Breathing Art Company од Италија, поддржан од Италијанска амбасада.
По работилницата беа доделени дипломи за учество и шест стипендии за учество на ученици од Bullfrogs Ballet School за меѓународниот танцов натпревар „Сан Никола” кој ќе се одржи во декември во Бари. Италијанскиот амбасадор, Карло Ромео присуствување на доделувањето на дипломите и стипендиите и искажа благодарност до Bullfrogs Ballet School за иницијативата за овој проект. Тој нагласи дека ваквите соработки се одлична можност за младите да се запознаат со други култури и традиции, но и дека овие проекти придонесуваат кон јакнење на соработката меѓу двете земји.
Амбасадорот ги потврди заложбите на Италијанската амбасада за поддршка на културата и додаде дека музиката и ритамот од јужна Италија имаат многу сличности со музиката и ритамот од Македонија, што сведочи за блискоста на нашите народи. Тој упати честитки до учесниците и до стипендистите и изрази искрени желби нивниот труд и трудот на Bullfrogs Ballet School да продолжи за резултира со одлични успеси.
Кореографката де Тулио нагласи дека покрај желбите и љубовта на учениците кон танцот, од исклучителна важност е за секој млад балетски уметник да има педагог кој ќе го мотивира и турка надвор од комфорната зона, бидејќи тоа е клучот на успехот. Уметничкиот директор на училиштето – Александра Никифоровски се заблагодари на поддршката и истакна дека стратешка определба на Bullfrogs Ballet School е да им овозможи еднаков пристап на сите ученици од училиштетот и љубители на танцот до различни танцови содржини, бидејќи тоа е многу важно за развојот на младите балетски уметиници. Потенцираше дека Биди Италијанец/ка е овозможи одлична културна размена за сите учесници.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Поништена јавната набавка за 120 електрични eко автобуси

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.
Оттука информираа дека на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија доставила понуда.
„По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик“, се наведува.
Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го оцени како ефикасно справувањето со пожарите во Македонија, во споредба со земјите од регионот

ВМРО-ДПМНЕ оценува дека институциите под водство на оваа Влада успешно реагираат на пожарите кои ги зафатија повеќе подрачја во Македонија, посочувајќи дека нашата држава покажува ефикасно справување.
Вчера во Македонија беа регистрирани 20 пожари на отворен простор, од кои десет се активни, пет се ставени под контрола, а пет се целосно изгаснати. За разлика од останатите држави во регионот, заклучува партијата, кај нас нема евакуирани и раселени лица, ниту човечки жртви, а причинетата штета е ограничена само на шумски површини.
„Ова не е резултат на среќа, туку на брза, организирана и професионална интервенција на сите надлежни служби“ се наведува во соопштението на партијата.
Во Турција, над 3.500 граѓани се евакуирани, а загинаа 17 лица, од кои дури 13 пожарникари. Огнот зафати и градски области, предизвикувајќи уништување на куќи и инфраструктура.
Во Албанија, каде што активни се 45 пожари, евакуирани се над 2.000 луѓе, изгореа над 20 куќи, а целосно се испразнети села. Огнените стихии во Грција зафатија станбени квартови и предизвикаа огромни штети, додека илјадници граѓани беа евакуирани. Апокалиптични сцени има и во Бугарија, каде што се регистрирани над 240 активни пожари и е причинета значителна материјална штета.
Македонија
Променливо облачно време повремено со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со повремено пороен локален дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен западен, а долж Повардарието северен ветер, кој попладне наместа ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 35 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во претпладневните часови со повремен пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, попладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.