Македонија
Пломп: Холандија ќе продолжи да ѝ биде пријател на Македонија
Холандија отсекогаш била и ќе продолжи да биде пријател и партнер на Македонија и да ја поддржува нејзината евро-атлантска интеграција врз основа на строг и правичен пристап, изјави холандскиот амбасадор Ваутер Пломп на прашањето од „Макфакс“ да се појасни ставот на оваа земја членка на Европската Унија во врска со позицијата на Македонија за преговорите за влез во Унијата, откако во јавноста беше објавен нон-пејперот.
„Го забележуваме напредокот што македонските институции во текот на изминатата година го направија во спроведувањето на реформите, меѓу другото и во областа на владеење на правото. Во овој момент е важно да се види понатамошно одржување и продлабочување на овие реформи преку континуирано спроведување на новото законодавство. На 26 јуни Советот за општи работи на Европската Унија ќе решава за препораката на Европската комисија за почеток на преговорите“, се вели во писмениот одговор од холандскиот амбасадор.
Тој додава дека Холандија ги следи, како што вели, интензивираните преговори со Грција за решавање на прашањето со името и дека искрено се надева дека наскоро ќе биде постигнато заемно прифатлив договор. Пломп додава дека Холандија ќе продолжи да ја поддржува Македонија со обезбедување финансиска помош и експертиза во некои од најважните области, како што се владеењето на правото, човековите права и доброто владеење.
Претходно и од Амбасадата на Франција за „Макфакс“ изјавија дека заклучоците за Македонија изнесени во нон-пејперот не се конечни, и дека ставот на Франција ќе биде дефинитивно утврден во договор со нејзините европски партнери, откако предлозите за почнување на преговорите од страна на Комисијата содржани во извештајот за Македонија и за Албанија ќе бидат проучени од страна на Советот (општи работи) на 26 јуни, а потоа за нив ќе одлучи Европскиот совет во текот на истиот месец.
А. Василевска
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

