Контакт

Книги

Промоцијата на новата поетска збирка на Ана Голејшка – „Напишан дом“

Објавено пред

Промоцијата на новата поетска збирка на Ана Голејшка, насловена „Напишан дом“, ќе се одржи денеска во кафулето „Винил“ со почеток во 20 часот. Покрај авторката, на промоцијата стихови од збирката ќе читаат македонските поети Ѓоко Здравески, Биљана Стојановска и Снежана Стојчевска. Збирката „Напишан дом„ е еден од четирите нови поетски наслови што непосредно пред Саемот на книгата излегоа како дел од едицијата „Огнови“.

dobivaj vesti na viber

Создавана во неколку различни поглавја од животот и во неколку различни фази од растењето на еден внатрешен и еден надворешен дом, оваа стихозбирка изобилува со емотивни напливи како во бран, но и како нежно застанување на улица покрај излог со колачи. Поетскиот занос и желба за зачувување на домот како топоним врзан за телесноста, но и за ослободувањето од него во овие страници се во изобилие напишани. Лесно и впивливо, како крем за сончање во врел месец. Читајќи ја оваа книга, добивате гратис љубов и желба да го спасите маалското кутре, но и да се налутите на автобусите што доцнат. Купувајќи ја оваа книга, си подарувате нов дом – за читање и за уживање. Но и за подарување. Клуч од нова врата кон поезијата на Ана Голејшка и нејзините приватни растења.

Дел од најновата продукција на „Антолог“ е и најновиот поетски ракопис на Јосип Коцев – „Сега е најдолгото никогаш„, книга што би можела да се чита како љубовна поема, како поетска партитура во три става („Сега“, „Никогаш“ и „Најдолгото никогаш“). Кога ги читаме песните на Јосип Коцев му се радуваме на поетското „сега и тука“, со леснотија доловено во секоја поетска слика. Речиси на секоја нова страница нè дочекува една убава стапица: сакаме пак да ја препрочитаме веќе прочитаната песна, но едновремено сакаме да свртиме и нова страница за да ја видиме следната, а се добива впечаток дека песните се прелеваат една во друга и како заедно да создаваат една поголема поетска синтеза. Затоа, оваа книга не е само стихозбирка (некаков збир и одбир на песни и стихови), туку заокружена поетска целина од педесетина песни.

Во едицијата „Огнови“ е реобјавена и дебитантската збирка поезија од Дарко Лешоски, под наслов „Дете од лоша фамилија“ – луцидност и страст суштински преточени во поезија на урбаното секојдневје. Специфичен, остар и многу силен поетски пристап пренесен од обичен човек. Лешоски е автор што пишува од дното на душата. Преку 69 одделни поетски сегменти гласно зборува за љубовта, страдањето, начнувајќи ги трагедијата, самотијата, борбата, смртта, тегобноста! Теми колку блиски до поетот, толку и до читателот. Песни во кои неминовно се чувствува хибридноста на љубовта видена во сите форми. Во секој напишан стих се чувствува неговиот внатрешен хаос, сфатен преку симболичка димензија.

Неодамна излезе и „По трагата на белиот грифон„ од Стефан Марковски, вистинско зрело остварување на овој млад автор. Во оваа книга се мешаат митологијата и современието, имагинарното и реалното, игриво обликувајќи ги постојните и непостојните светови. Станува збор за петта поетска збирка на Марковски, која компилира 45 песни неподелени во циклуси. Комбинација на митологија, револуција, анархија, богови, земјени самовили и Недојдија. Дали митолошките суштества наоѓаат место во реалноста? Дали шетаат меѓу нас? Но само со „луцидна халуцинација“ можеме да ги забележиме и да ги почувствуваме. Марковски гради игрив облик на (не)постојните светови!

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 минути

(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин

Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен...

Свет31 минута

Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во неделата ги повика иранските власти да „покажат максимална воздржаност“ по смртоносните протести што...

Свет38 минути

Иран најави враќање на интернетот и му порача на Трамп: Подготвени сме за војна, но и за дијалог

Интернетот наскоро повторно ќе биде достапен низ целиот Иран, објави иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, објави Ал Џезира....

Македонија2 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Свет4 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет4 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет4 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија4 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа4 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија12 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет16 часа

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет17 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...

Свет1 ден

Вашингтон одржа „прелиминарни“ разговори за потенцијален удар врз Иран, објави Волстрит журнал

Американски официјални лица разговарале за планови за можни напади врз Иран, вклучувајќи потенцијални цели, објави Волстрит журнал, повикувајќи се на...

Македонија2 дена

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија2 дена

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...