Македонија
Околу 600 ромски деца на возраст од 10 до 18 години не се вклучени во образованието
Околу 600 деца на возраст од 10 до 18 години не се вклучени во образованието. Причините за ваквата ситуација се од повеќе аспекти: лошата социо-економска ситуација, нискиот квалитет на образование во основните училишта, несоодветен и незаинтересиран кадар, незаинтересирани родители. Дополнително како клучен проблем е несоодветниот систем за следење на редовноста на децата, злоупотреба на детскиот труд, голем број семејства заминати во странство, голем број деца повратници од странство, недоволното познавање на македонскиот јазик, немаат лични документи, нерегистирани деца, дискриминацијата, како и недостигот и несоодветни локални политики за образовна инклузија на Ромите.
Со цел поголемо охрабрување на засегнатите страни во поголема инклузивност на ромските деца, во тек се три дебати во организација на Здружението за едукација и медиумски развоен центар на млади Роми „Асоцијација 24 вакти“ во рамките на проектот „ Инклузија преку мобилизација“, на кои се дискутира и ќе се добијат препораки и заклучоци кои ќе бидат предадени до сите релевантни страни во општеството за мобилизација на сите чинители со акцент на самата заедница за поголема инклузија на ромските деца во образованието во Шуто Оризари. На дебатите учествуваат експерти, претставници на локалните и националните институции, граѓански организации и граѓани. На дебатите ќе се разменат ставови и мислења како да се решат повеќето проблеми на Ромите. Дебатите се одржуваат во ОУ „Браќа Рамиз и Хамид“ во општина Шуто Оризари, денеска и утре, со почеток во 12 часот.
„Стремејќи се кон процесот на градење инклузивно образование и инклузивен пристап во образованието во Република Македонија главните одлучувачи на политики се соочуваат со многубројни бариери од етнички карактер. Една од нив е образованието на ромската популација, чие прашање години наназад останува без соодветен одговор и конкретно решение. Општина Шуто Оризари е општина каде што е концентрирано повеќе од 40% од ромското наделение во Македонија. Стапката на вклученост на децата Роми во образование е релативно ниска, што понатаму резултира секако со негативни резултати пред сè во градењето на личноста на детето, негова афирмација во општеството“, велат организаторите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова учествува на Светскиот самит на владите во Дубаи
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, по повод учеството на Светскиот самит на владите.
Претседателката ќе биде главна говорничка на сесија посветена на демографските промени. Таа ќе говори за перспективата на државава во однос на демографските промени и нивните импликации врз националниот развој.
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати, што се одржува за прв пат во пресрет на Светскиот самит на владите, со вклучување на носители на Нобеловата награда и водечки научници во дебатите за креирање политики.
Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на самитот.
Централна тема на настанот е „Обликување на влади на иднината“.
Светски самит на владите е глобален форум што поврзува шефови на држави и влади, меѓународни организации, експерти, претставници од приватниот сектор и други креатори на политики со цел да се промовира глобална соработка, иновации и решенија за идни предизвици на светско ниво. Самитот ги истражува најновите трендови и најдобрите практики во управувањето, технологијата, одржливиот развој и други клучни области за подобрување на животот на луѓето ширум светот.
На годинешното издание на самитот е најавено учество на над 35 шефови на држави и влади, повеќе од 150 владини делегации и околу 6.000 учесници.
За време на работната посета на ОАЕ, претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)

