Македонија
Обезбедени средства за да се донесе телото на македонскиот алпинист кој почина на Монт Еверест
Советот на Општина Гевгелија на вонредна седница синоќа донесе одлука за издвојување на 600 000 денари од буџетот на Општината за што побрзо префрлање на телото на починатиот доктор и алпинист Георги Петков од Катманду во Гевгелија.
Роднините на Петков апелираа за помош и отворија донаторска сметка наменета за собирање пари кои недостасуваат за целосно покривање на потребната сума за транспортирање на телото на починатиот доктор од Непал до Гевгелија. Со оглед на тоа дека собирањето пари на овој начин може да потрае подолго време, а сумата е ургентно потребна, Советот на Општината едногласно реши да се издвојат потребните средства од буџетот.
Доколку средствата што ќе бидат собрани преку донаторската сметка ја достигнат сумата од 600 000 денари, тие ќе бидат вратени во буџетот, а доколку собраната сума биде помала од издвоената, разликата ќе се смета како донација од Општина Гевгелија.
Македонскиот планинар Ѓорѓи Петков, 63-годишниот доктор-инфектолог од Гевгелија, почина од срцев удар на Хималаите во обидот да го искачи највисокиот врв на светот, Монт Еверест (8.848 метри). Петков бил дел од експедицијата предводена од британскиот алпинист и лидер за комерцијална експедиција, Тим Моусдејл од Лондон, со која пред пет години на Монт Еверест се искачуваше и Илина Арсова. Тој се наоѓал во базниот камп 3 на 7 200 метри надморска височина каде што колабирал при подготовките за финалната маршрута на искачување на Монт Еверест од јужната страна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.
Сервисни информации
Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено
Времето денеска со претежно ведро и наместа постудено утро. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 21 степен.
Во сабота попладне ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.