Црна хроника
Кражба во поранешното детско одморалиште во Претор, вработениот нападнат

Група крадци го ограбиле подрумот на поранешното детско одморалиште „Мите Богоевски“ во туристичката населба Претор, во ресенско и го нападнале вработениот кој се обидел да ги спречи.
Крадците дошле во објектот со две возила во средата околу пладне, насилно влегле во подрумот и со употреба на алат демонтирале делови од трансформаторот, како и други метални и бакарни делови и предмети кои ги нашле. Вработениот се обидел да ги спречи, но бил нападнат, му биле нанесени телесни повреди, а му биле украдени и два мобилни телефона. Крадците кои дошле од Битола, избегале, но набргу биле фатени дел од нив. Тројца биле фатени додека се превезувале во „лада караван“, а по уште двајца сè уште се трага. Возилото со кое се превезувале останатите двајца сторители било излетано од коловозот, но лицата не биле најдени. Увид на местата извршила екипа од ПС Ресен и по целосно документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава. /крај/со/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.