Спорт
Лацио не добил ниту една понуда за Милинковиќ-Савиќ
Лацио се уште не добил никаква понуда за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). Сепак, како што изјавил спортскиот директор Игли Таре, очекувањата се дека тоа наскоро ќе се случи, бидејќи за услугите на овој фудбалер интерес покажувале…

Лацио сè уште не добил никаква понуда за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). Сепак, како што изјавил спортскиот директор Игли Таре, очекувањата се дека тоа наскоро ќе се случи бидејќи за услугите на овој фудбалер интерес покажувале ПСЖ, Манчестер јунајтед и Јувентус.
Милинковиќ-Савиќ може во летниот преоден рок да го напушти Рим, но само во случај Лацио да добие понуда што нема да може да ја одбие.
„Не успеавме да се пласираме во Лигата на шампионите, но тоа нема да ги смени работите, мораме да продолжиме да напредуваме. Мораме да му подготвиме вистински услови за работа на тренерот Инзаги. Приказната околу Сергеј не е од вчера, таа е од пред две години. Зборуваме за фудбалер што го заслужил сето ова што сега му се случува“, рекол Таре.
Српскиот репрезентативец сезонава постигна 14 гола во сите натпреварувања.
„До овој момент не сме добиле никаква понуда, кога ќе стигне ќе размислуваме на таа тема“, изјавил спортскиот директор на Лацио за „Скај Италија“.
Таре потенцирал дека цената на СМС е најмалку 90 милиони евра, односно дека во клубот ќе бидат разгледувами понудите што ќе одат преку оваа сума.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Компани: Сè е супер, но трофеите не се освојуваат во ноември
Тренерот на Баерн, Венсан Компани, по победата против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, изрази задоволство од настапот на својот тим, но исто така нагласи дека се соочуваат со уште поголеми предизвици до крајот на сезоната.
„Освоивме три бода, и тоа е добро, но никој не освојува трофеи во ноември. Ова е далеку од тоа да го одлучи победникот на Лигата на шампионите. Се сеќавате како ПСЖ ја освои титулата минатата сезона… Станува збор првенствено за пласман во следната фаза од натпреварувањето. Направивме сериозен чекор во таа насока. Ни требаат позиции од кои ќе биде полесно да се бориме за финалето“, рече Компани, објавија германските медиуми.
Баерн е на првото место на табелата на ЛШ со 12 бода, исто колку и второпласираниот Арсенал. Фудбалерите на Арсенал и Баерн ќе се сретнат на 26 ноември во Лондон во петтото коло од Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Баерн одиграа 16 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона и ги забележаа сите 16 победи.
Спорт
На „Сантијаго Бернабеу“ донеле одлука за иднината на Винисиус
Винисиус Жуниор предизвикува сè повеќе проблеми во Реал со своето однесување, а се чини дека во Мадрид донеле одлука околу неговата иднина на „Сантијаго Бернабеу“.
Како што ексклузивно открива „Билд“, бразилскиот напаѓач ќе биде продаден следното лето. Сè кулминираше по „Ел Класико“ и однесувањето на Винисиус.
Претходно, двете страни ќе се обидат да го продолжат договорот, а потоа Реал ќе го стави на трансфер листата.
Не е тајна дека во Саудиска Арабија сонуваат да го доведат Винисиус, а следното лето таа желба би можела да се оствари, под услов тој да биде расположен да се пресели на Блискиот Исток.
Реал го донесе од Фламенго во 2018 година за 45.000.000 евра, а сумата што ќе ја бараат веројатно ќе биде меѓу 200 и 250.000.000 евра.
Foto/ EPA
Спорт
Роналдо му се восхитува на Доналд Трамп
Фудбалерот на Ал Наср и еден од најдобрите фудбалери и најпопуларните спортисти на 21 век, Кристијано Роналдо, му се восхитува на американскиот претседател Доналд Трамп.
Поранешниот легендарен играч на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус го пофали Трамп за работата за постигнување мир во Газа.
„Доналд Трамп е еден од луѓето кои можат да помогнат да се промени светот“, рече Роналдо во интервју со Пирс Морган.
To President @realdonaldtrump.
Playing for peace. As a team. pic.twitter.com/iLGAmbmu0J
— António Costa (@eucopresident) June 16, 2025
Исто така, Роналдо му испратил потпишан дрес на Доналд Трамп преку неговиот сонародник Антонио Коста, претседателот на Советот на Европа.
Можеби овие чувства на португалскиот фудбалер кон републиканскиот претседател не се чудо, со оглед на тоа што според признанието на неговата мајка, тој го добил името по друг републикански претседател, Роналд Реган.

