Свет
Зошто авионите на Куба и Иран паѓаат почесто од авионите на кои било други земји
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/iran-er.jpg)
Американското трговско ембарго негативно влијае на авиоиндустријата на секоја земја на која ѝ е наметнато. Меѓу нив е и кубанската авиокомпанија „Кубана“, која е премногу сиромашна за да купи нови авиони од Запад, па користи руски авиони стари 39 години. За жал и за нивно одржување едвај одвојува средства, а последица од тоа се авионските несреќи како онаа што се случи пред една недела во која загинаа 112 луѓе.
Освен Куба, и Иран е жртва на американското ембарго иако оваа земја се обиде да го модернизира воздухопловството за време на мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама кој во 2015 година одлучи да ги укине санкциите во замена за запирање на иранската нуклеарна програма.
Сепак, и покрај тоа на западните компании им беше забрането да му продаваат авиони на Иран, па така оваа земја спаѓа во земјите кои користат некои од најстарите авиони во светот.
Иако „Иран ер“ нарача од Америка 200 авиони, дојде до смена во Белата куќа, па на земјата ѝ беа доставени само 11 авиони. Се претпоставува дека додека Доналд Трамп е претседател, авионите нема да бидат доставени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
(Видео) Асанж пристигна во Австралија: емотивна средба со сопругата и неговиот татко
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/677z381_asanz-kanbera.jpg)
Џулијан Асанж, кој од денеска и официјално е слободен човек, се врати во Австралија, а најемотивната средба ја имаше со сопругата Стела.
Julian Assange greets his supporters at the fence and kisses his wife after touching down a free man #auspol pic.twitter.com/HQ4JbyWKvH
— Sarah Basford Canales (@sbasfordcanales) June 26, 2024
Откако авионот слета на аеродромот во Канбера, Асанж излегол од авионот, а го пречекале бројни новинари и поддржувачи кои аплаудирале и скандирале за него.
Камерите го снимиле моментот кога Асанж ја прегрнал сопругата, ја кренал од земја и ја бакнал, а потоа го прегрнал и татко си.
Свет
Кремљ се огласи за Асанж: Сите го добија тоа што го сакаа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/kremlj-moskva.jpg)
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека секој го добил она што го сакал кога станува збор за признавањето на вината и ослободувањето на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.
– Овде зборуваме за судски договор. Како што разбрав, секој го доби она што го сака. Нема што да се додаде, ништо да се коментира – изјави Песков на новинарите.
Асанж беше формално ослободен пред американскиот суд на Маријанските Острови, откако се изјасни за виновен по едното обвинение за кршење на Законот за шпионажа според договорот со американското Министерство за правда.
Основачот на „Викиликс“ потоа отпатува во родната Австралија.
Регион
Најмалку едно лице е убиено во масовна тепачка во затвор во Грција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/04/zatvor-960x614.jpg)
Во најголемиот затвор во Грција, Коридалос, дошло до тепачка меѓу осуденици, во која животот наводно го загубил најмалку едно лице, а има и повредени.
Како што пишуваат грчките медиуми, дошло до тепачка меѓу затвореници од Албанија, кои се сместени во 4-то одделение, каде се сместени претежно осудените за најтешки кривични дела.
Во овој момент не се знае како дошло до тепачката ниту кој е убиен.
Според неофицијални информации, едно лице е избодено со нож.