Црна хроника
Со мотор излетале од патот, повредени две момчиња
Две момчиња се тешко повредени откако со мотор излетале од патот Штип –Делчево, кај место викано „Стара река“ – атар на с.Чифлик, Кочанско.
Според информациите од МВР, дваесет и шестгодишниот возач на моторот, од с.Оризари, Кочанско, се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил препратен во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека неговиот сопатник – З.И. (17) од с.Чифлик се здобил со телесни повреди и бил задржан на лекување во болницата во Кочани.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кочани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Во делчевско Вирче најдена граната
Во делчевското село Вирче пронајдена е стара неексплодирана граната. Случајот е пријавен од жител на селото кој експлозивната направа ја пронашол во својот двор.
Во пoлициската станица Делчево, А.М.(60) од с.Вирче, делчевско, на 17.05.2024 во 19.50 часот пријавил дека при извршување градежни работи во неговиот двор пронашол една стара неексплодирана граната, информираат од полиција.
Гранатата по извршениот увид била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување.
Црна хроника
Во куќа на струмичанец најдена дрога
Струмичката полиција вчера околу пладне во Струмица го лишила од слобода Љ.Ѓ.(46) од овој град. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, црна прашкаста материја, марихуана, бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело..
Како што информираат денеска од МВР, лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Еден починат и еден тешко повреден во несреќа во лифт во Штип
Едно лице почина, а друго се бори за живот во Клиничката болница- Штип од повреди добиени во несреќа, што според првичните информации се случила во лифт во угостителски објект во Штип.
Повеќе детали околу несреќата засега нема, но од СВР Штип велат дека во тек е увид од страна на полицијата, јавен обвинител од ОЈО Штип, а на терен се и државни инспектори.
Според првичните информации починатото лице и неговиот колега извршувале работна задача во моментот на несреќата.