Вести
Уште пет екстремисти убиени во Казахстан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/kazahstan20policija.jpg)
Пет екстремисти се убиени, а уште двајца се уапсени во антитерористичка операција која траела ноќта кон понеделникот во казахстанскиот регион на градот Актобе, која се одвиваше како продолжение на одговорот на нападите врз две продавници за оружје и воена база при што беа убиени четворица напаѓачи,тројца цивили и тројца припадници на безбедносните сили, соопшти во понеделникот тамошното министерство за внатрешни работи.
Во соопштението се истакнува дека кај милитантите, кои се осомничени за припадност на радикални исламистички организации, е пронајдено големо количество оружје.
„Извршена е идентификација на сите злосторниците кои се вклучени во извршување на разбојничките напади. Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и апсење“, наведуваат од министерството за внатрешни работи на Казахстан.
Во понеделникот во регионот на Актобе е воведен режим на антитерористичка операција. Целиот состав на регионалните безбедносни служби е ставен во состојба на зголемена приправност, пренесуваат медиумите.
Во самиот град Актобе на сила е „црвеното“, највисоко ниво на терористичка закана. Според извештаите на локалните медиуми, безбедносните сили го опколиле предградието Нур сити, каде главно живеат државни службеници и наставен кадар. Во истите извештаи се истакнува дека неколку часа од таму се слушале престрелки, а дека подоцна областа ја надлетувале хеликоптери.
Нападот во Актобе беше извршен во неделата, кога вооружена група нападна две продавници со оружје и со грабнат автобус продре во воената база. Во престрелките беа убиени четворица напаѓачи, а седум беа уапсени. Во неделните напади беа убиени вкупно шест лица, тројца цивили и тројца војници, додека десетина беа ранети.
Министерството за внатрешни работи на Казахстан објави оти се верува оти нападите ги извршила група „следбеници на радикални нетрадиционални верски движења“.
Казахстан, мнозински муслиманската земја во централна Азија, по распадот на Советскиот сојуз се обиде да изгради секуларна држава, а од неодамна изрази стравувања дека се соочува во радикалниот исламизам во земјата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.