Црна хроника
Вооружено разбојништво во Скопје, повредена една жена
На улицата Руди Чајавец во Скопје вчера попладнето две непознати лица со мотоцикл, од кои едниот вооружен со пиштол, извршиле разбојништво врз четириесет и деветгодишен маж од Крива Паланка, кој излегувал од зградата. Разбојниците му одзеле 10 000 евра кои ги носел со себе.
При напуштање на местото на настанот едниот напаѓач испукал еден куршум и повредил педесет и тригодишна жена, која била случаен минувач.
Повредената со возило на Итна медицинска помош била пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде ѝ била констатирана прострелна рана во пределот на десната натколеница. Извршен е увид на местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Шест лица повредени во сообраќајна несреќа кај Дебарца
Вчера во 09.15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат А2, кај с.Врбјани, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген бора“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(39) од с.Стрелци, кичевско и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(72) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „фолксваген бора“ Ф.И., како и возачот на патничкото возило „фолксваген пасат“ и неговата сопатничка В.Д. додека со телесни повреди се здобил возачот Х.И. и другите сопатници И.Л. и Л.И., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Охрид.
Црна хроника
Ограбена градинка во Чаир
Ограбена е Детската градинка „11 Октомври“, на подрачјето на Чаир.
„На 18.01.2025 со употреба на сила било влезено во установата и биле одземени предмети“, информираа од полицијата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Израелци затекнати со дрога кај транспортниот центар во Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Н.(29) и T.A.(29), двајцата од Израел, поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
„На 23 август минатата година кај Транспортен центар во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавените, при што пронашле и одзеле кокаин, хашиш, бела кристална материја и МДМА таблети“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.