Вести
Над 10.000 џихадисти убиени од почетокот на нападите на коалицијата, Ирак обвини за неуспех

Повеќе од 10 илјади припадници на џихадистичката терористичка организација Исламска држава се убиени од почетокот на воздушните напади во Ирак и во Сирија од почетокот на воздушната кампања на меѓународната коалиција предводена од САД, изјави во средата вториот човек на американската дипломатија Ентони Блинкен, додека ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади ја обвини коалицијата за неуспех.
„Сведоци сме на огромните загуби на страната на Исламската држава, повеќе од 10 илјади лица се убиени од почетокот на кампањата, и на крајот ќе има ефект“, изјави Ентони Блинкен за радиото France International, но притоа не наведе дали зборува за Ирак, за Сирија или за двете земји заедно.
Помошникот државен секретар на САД престојува во француската престолнина Париз поради состанокот на меѓународната коалиција против џихадистите кој се одржа во вторникот вечерта.
Претставниците на дваесетината земји и меѓународни организации дадоа поддршка за воениот план на ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади за повторно освојување на западната покраина ал-Анбар, која од јуни 2014 година е под контрола на Исламската држава. Побараа од него и спроведување политички реформи, поради подобра интеграција на сунитската заедница којашто се смета за маргинализирана, откако во 2003 година беше соборен од власт диктаторот Садам Хусеин во чиешто време сунитите ја узурпираа власта за сметка на шиитското мнозинство.
Од своја страна, пак, ирачкиот премиер ал-Абади ја обвини меѓународната заедница за „неуспех“ во борбата со сунитската радикална групација Исламска држава, пред да ја изложи својата стратегија за ослободувањето на териториите кои ги освоија џихадистите.
„Мислам дека тоа е неуспех на меѓународната заедница. Во врска со поддршката во Ирак, има многу зборови а малку дела на теренот“, изјави премиерот Хајдер ал-Абади на прес-конференцијата во француското министерство за одбрана во Париз
Предупреди дека проблемите со коишто се соочува неговата земја се набавките на оружје и муниција во борбата со џихадистите. Инаку, САД под изговор дека стравуваат дека воената техника може да падне во рацете на џихадистити ја суспендираа испораката на Ирак веќе платените борбени летала и друга воена опрема, поради што владата во Багдад беше принудена да склучува итни договори со Русија.
Исламската држава, и покрај околу 4.100 воздушни удари од страна на меѓународната коалиција водена од САД, веќе цела година напредува во Ирак и во Сирија, каде што контролира територија со големина на Велика Британија на којашто прогласи калифат.
Абади на конференцијата предупреди дека постојано се зголемува бројот на странските борци во редовите на Исламската држава, а според неговата оцена тој изнесува 60 отсто. Според процените на американското разузнавање и на ОН, меѓу 25 и 30 илјади странски борци од целиот свет им се приклучиле на џихадистичките групи во Сирија и во Ирак.
„Тоа е меѓународен проблем кој мора да биде решен. Мораме да добиеме одговор зошто толку терористи доаѓаат од Саудиска Арабија, од земјите на Персискиот залив, Египет, Сирија, Турција и европските земји“, истакна ал-Абади./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.