Македонија
(Видео) Новите министри на „Фејсбук“, додека чекаат да бидат избрани
Меѓусебни обвинувања и дофрлувања во Собранието, меѓу власта и опозицијата на денешната седница за избор на нови министри и заменици. Додека трае дискусијата за владината реконструкција, која до полноќ треба да заврши, дел од пратениците, но и новите министри кои чекаат да бидат избрани, најголем дел од денот го поминаа гледајќи во мобилните телефони.
Пратениците од парламентарното мнозинство со фалби и поддршка за премиерот и работата на Владата, опозицијата пак бара оставки, но и образложение и отчет што сработиле министрите кои сега ќе бидат сменети. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски рече дека реконструкцијата е само да се зголеми парламентарното мнозинство и ја нарече пазарџиска.
„Оваа реконструкција на Владата е во министерствата кои потфрлија и каде имаше повеќе скандали. Има министри, како што рековте во една изјава, кои не се снаоѓаат и не работат, некои делумно работат, некои се залутани на функцијата“, рече Димовски.
Смената на министерските места, пак, според премиерот Зоран Заев е потребна за да се зајакне парламентарното мнозинство пред носењето на важни одлуки. Заев рече дека пред Македонија е сериозно време, а оти изборот на новите членови на Владата што се совпаѓа со годишнината од нејзиното формирање, тој го направил водејќи се од професиналниот аспект на личноста и капацитетот.
За министерската позиција во Министерството за правда предложена е Рената Дескоска, за министер за образование и наука е предложен Арбр Адеми, за култура Асаф Адеми и за министер без ресор Бардил Даути. За заменик-министер за надворешни работи е предложен Андреј Жерновски, за заменик-министер за здравство Асим Муса, за заменик-министер за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар и за транспорт и врски Садик Беќири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

