Македонија
Единствена Македонија: Марионетската власт на Зоран Заев ја уништи цела држава за само 365 дена
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/edinstvena-makedonija.png)
Марионетската власт во Скопје за една година владеење уништува се што е македонско – промена на името и идентитетот на македонскиот народ, јазичната федерализација како преодна етапа до територијална федерализација, рушење на споменици на македонски револуционери, гниење на уставобранителите во занданите на Шутка, масовно ослободување со политички одлуки на албански терористи и криминалци, обвинуваат од Единствена Македонија.
„Економска пропаст, неказнивост, партизирани институции, заробено судство, криминал и корупција, јавен долг со преку 5 милијарди евра, а марионетската власт во Скопје го замајува народот со некакви палијативни мерки со укинувањето на радиодифузната такса, ефтина струја два часа секој ден, укинување на екстерното тестирање, зголемување на минималната плата од 10.000 на 12.000 денари иако не е јасно како може да се преживее со овие средства.
Марионетската влада на Зоран Заев ја уништи цела Македонија за само 365 дена. Република Македонија е држава во која се оди на полошо. Ова мора да запре.
Единствена Македонија ќе победи и ќе расчисти со националните предавници и ќе спроведе вистински промени, како на пример, укинувањето на приватното извршителство и негово враќање во судовите и враќање на парите од присилната наплата за сметки стари и по 10 години, враќање во мнозинска државна сопственост врз Телеком, Топлификација и Електродистрибуцијата чие работење има и социјална димензија за граѓаните, ревизија на лихварскиот банкарски систем кој немилосрдно го краде народот, минимална казна од 10 години затвор за кражба на буџетски пари и враќање на смртната казна за тешки дела на кражба на народниот имот, одземање на украденото во криминалната и посткриминалната приватизација во кои е извршен грабеж на повеќе од 10 милијарди евра во изминатите 27 години, порачаа од Единствена Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Ќе оствариме средби со државници, со бизнисмени и со дијаспората, а ќе најавиме и нова инвестиција
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-174622.jpg)
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево преку видео-обраќање најави дел од своите активности во рамки на официјалната посета на САД.
„Следниве неколку дена во Вашингтон и во Њујорк ќе престојува владина делегација која што ќе ја предводам јас, а во нејзин составен дел се и министрите за надворешни работи, внатрешни работи и одбрана. Ќе бидеме дел од настанот кој што ќе прославува 75 години од постоењето на НАТО алијансата.
Она кое што сакам исто така да го потенцирам се големиот број билатерални средби кои што ќе ги имам заедно со државници на земји кои што се членки на НАТО алијансата, во деновите кои што следат, но исто така во деновите кои следат ќе имам средби со бизнис заедницата овде во САД, каде што ќе ги презентирам потенцијалите кои што ги нуди Македонија за инвестирање.
Ќе најавам уште една нова странска инвестиција на компанија која што е дел од листата на најголемите 500-тини компании овде во САД, нови десетици милиони евра инвестиција и нови работни места за македонските граѓани.
Тоа е она кое што преставува основен приоритет на новата влада во Македонија. Би сакал исто така да напоменам дека последните денови во Њујорк ќе ги искористам за средба со македонската дијаспора, македонските исселеници.
Би сакал од нив да слушнам што е она што тие го очекуваат од новата влада и нормално, што е она што новата влада ќе го понуди за да можат нашите исселеници да се вратат дома, во нивната татковина, таму да инвестираат и практично да ги избегнат сите оние пречки кои што беа изминатиот период со кои тие се соочуваа при своето доаѓање назад во својата татковина.
Уште еднаш да се заблагодарам на македонската јавност што не следи изминатиот период и да ја охрабрам дека доаѓаат нови убави моменти за македонските граѓани. Ние на најдостоинствен начин, како што ни прилега, ќе ги претставуваме интересите на граѓаните и државата овде во Вашингтон , а потоа и во Њујорк“, рече премиерот Мицкоски.
Македонија
(Видео) Пожар се шири на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/Screenshot-2024-07-07-160041.jpg)
Пожар се шири на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци, информира ЦУК.
„Од 112 во Центар за Управување со Кризи до Сектор за операции и кординација е добиена пријава во врска со пожар кој се шири на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци.Според информација добиена од БППЗ Скопје се работи за депонијата кон село Миладиновци.Нема информација за штети или дали истиот постои опасност да ги зафати и околните објекти“, велат од ЦУК.
Повеќе од 1 час огнот се гасне од страна на екипи од БППЗ Скопје…
Македонија
Силен земјотрес во Македонија!
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/08/ohrid-2.jpg)
Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Македонија, јавува ЕМСЦ.
Земјотресот се случил во 14 часот и 7 минути, на 15 километри од Охрид, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Граѓаните на веб-страницата на ЕМСЦ пишуваат дека земјотресот траел кратко, но дека го почувствувале.
„Како некој да ми го затресе каучот“, „Кратко, но моќно“, „Тоа траеше кратко, но се чувствуваше“, се само дел од коментарите на граѓаните.
🔔#Earthquake (#земјотрес) M3.5 occurred 15 km S of #Ohrid (Republic of North Macedonia) 3 min ago (local time 14:07:56). More info at:
📱https://t.co/IbUfG7TFOL
🌐https://t.co/SmcV3yEYJc
🖥https://t.co/FmO253z6S4 pic.twitter.com/aHfinCzY3q— EMSC (@LastQuake) July 7, 2024