Регион
Фронтекс во акција за стопирање на мигрантите да влезат од Грција во Албанија

Дирекцијата на Европаската Агенција за границите, Фронтекс соопшти дека ќе испрати свои официри на граница на Грција со Албанија со цел да ги стопираат новите обиди за влез на мигрантите во Албанија.
Директортот на Фронтекс, Фабрицие Легери според албанските медиуми за германски ,,Шпилег- онлине“, изјавил дека на северната границата на Грција кон Албанија за прв пат ќе бидат поставени 45 официри на Фронтекс, за да го оневозможат илегалното влегување на мигрантите во Албанија.
Тој додал дека Фронтекс го има идентификувано патот по кој патуваат мигрантите во зермјите на ЕУ.
,,Од северниот дел на Грција тие влегуваат во Албанија, потоа во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија“ рекол Легери.
За пет месеци во Албанија се запрени над 200 мигранти кои нелегално влегле во земјата, додерка во Црна Гора 1200, рекол висок претставник на ОН. Истиот извор наведува дека од Турција кон Албанија се тргнати 11 илјади мигранти.
Директорот на Фронтекс исто така побарал од страна на Европскаста Комисија за зголеумвање на бројот на припадниците на Фронтекс за уште 10 илјади, бидејќи мигрантите од Сирија и Ирак можно е да бидат многу побројни на патот кон земјите на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.
Регион
Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела.
Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков во врска со „неприфатливиот и навредлив јазик на Мицкоски кон министерот за надворешни работи, Георги Георгиев“, објави „Бгнес“.
„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини“, вели Жељазков.
Тој додаде дека политичката зрелост бара да се исполни она што е договорено.
„Довербата во овие времиња е многу кревка“, истакна премиерот.
Жељазков изјави дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Република Македонија, но непоколебливо врз основа на исполнувањето на обврските од договорот од 2022 година и договорот за добрососедство, според написите во медиумот.