Спорт
Младиот Германец ја одбил понудата на Реал
Најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата, Јулијан Нагелсман, ја одбил понудата да биде наследниот на Зинедин Зидан во мадридски Реал, пишува „Билд“.
Нагелсман, во јули ќе наполни 31 година, немал намера да го напушти Хофенхајм и со овој клуб нар…
Најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата, Јулијан Нагелсман, ја одбил понудата да биде наследниот на Зинедин Зидан во мадридски Реал, пишува „Билд“.
Нагелсман, во јули ќе наполни 31 година, немал намера да го напушти Хофенхајм и со овој клуб наредната сезона ќе настапува во Лигата на шампионите.
Хофенхајм го ангажираше младиот тренер во февруари 2016 година, кога стана најмладиот тренер во историјата на Бундеслигата. Во првата сезона ја оствари целта, избори опстанок во лигата, а потенцијалот го најави во втората сезона кога го освои четвртото место и играше квалификации во Лигата на шампионите.
Во штотуку завршената сезона, Хофенхајм се пласира на третото место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Порто го смени претседателот по 42 години
Хорхе Нуно Пинто повеќе не е претседател на Порто, а на негово место е избран поранешниот тренер на овој клуб Андре Вилаш Боаш.
Новиот претседател доби дури 80 отсто од гласовите, со што заврши најдолгата претседателска ера во светот на фудбалот.
-„Порто повторно е слободен“, изјави Вилаш Боаш откако беше избран.
Хорхе Нуно Пинто, беше претседател на трофејниот клуб од 1982 година. Кога го презеде, Порто беше далеку зад ривалите од Лисабон (Бенфика и Спортинг) по бројот на национални титули (седум), а 42 години подоцна имаат 30, дури 11 повеќе од Спортинг, а Бенфика е напред со 38.
Покрај тоа, Порто во неговата ера освои дури пет европски трофеи и два Интерконтинентални купа.
Еден од тие пет трофеи како тренер го освои Вилаш Боаш, Лига Европа во 2011. Таа сезона, единствената во која беше тренер на Порто, ја заокружи со сите три домашни трофеи. Потоа ги водеше Челзи, Тотенхем, Зенит, Шангај СИПГ и Олимпик од Марсеј.
Спорт
(Видео) Лејкерси се спасија од „метла“, Бостон го вратија брејкот
Лос Анџелес Лејкерс славеа победа над Денвер на домашен терен со 119:108 во четвртиот натпревар од првото коло на НБА плејофот и го намалија резултатот во серијата на 3:1.
По 11 последователни порази, од кои седум во плеј-офот, Лејкерси конечно после година ипол успеаја да ги победат Денвер Нагетс. За да направат нешто повеќе, а тоа победа во серијата ќе им треба колосално достигнување, каков што досега никој во НБА не го направил, а тоа е да станат првиот тим кој го сменил 3-0.
На шампионот не му помогна уште еден трипл дабл на МВП кандидатот Никола Јокиќ, втор во оваа серија. Србинот мечот го заврши со 33 поени и по 14 скока и асистенции (10/20 шут од поле, 2/5 тројки). Го следеа ортер и Џамал Мареј, но канадскиот репрезентативец шутираше 9/23 од поле.
Можеби соодносот на скокови од 46:39 за Лејкерс беше од пресудна важност. А во тој сегмент апсолутно доминираше Ентони Дејвис кој собра дури 23. Тој имаше 25 поени и шест асистенции. Леброн Џејмс беше најефикасен кај победниците со 30 поени, а двоцифрени беа и ДиАнџело Расел и Остин Ривс со по 21 поен.
Кошаркарите на Бостон славеа во третиот натпревар од првото коло на НБА плејофот на гостински терен против Мајами 104:84 и поведоа со 2:1 во серијата.
Мајами едноставно беа немоќен. Се можеше да се насети веќе во првата четвртина во која постигнаа само 12 поени, а практично мечот беше решен на полувремето, кога Селтикси дојдоа до предност од 63:39.
Кај победниците најефикасни беа Браун и Тејтум со по 22 поени, а Тејтум оствари дабл-дабл со 11 скока и шест асистенции. На другата страна Адебајо запиша 20 поени и девет скока, а Никола Јовиќ забележа личен плеј-оф рекорд 15 поени, осум скока и асистенции.
Спорт
(Видео) Скандал во Подгорица – голманот на Будуќности нокаутира соиграч
Будуќност и Сутјеска ремизираа 2:2 во најголемото црногорско дерби. Натпреварот остана во сенка на инцидентот што се случи неколку минути по последниот свиреж на судијатај.
Играчите на Будуќност, по завршувањето на натпреварот застанаа пред северната трибина, беа на рапорт кај навивачите кои од нив побараа да ги соблечат дресовите.
Тогаш голманот Ѓорѓије Павличиќ го нокаутираше соиграчот Игор Ивановиќ.
Павличиќ потоа замина во соблекувалната.
Инаку, Будуќност е втор на табелата со 55 бодови, а Сутјеска е трета со два бода помалку. Дечиќ на четири кола пред крајот на првенството има три бода повеќе и подобар меѓусебен скор во однос на Будуќност.